Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.
Веќе стана три децениска традиција НБА лигата да блеска со балкански сјај и тоа со играчи кои се сериозно опасни со баскет в рака. Со други зборови колото беше лудачко, затоа што вечер за паметење имаа Јокиќ, Дончиќ, Џејмс и Кари.
Средата беше уште еден ден кога се појави уште еден твит за уште еден отказ од суперѕвезда во Тимот САД за Мундијалот во Кина за повеќе од еден месец. Како тргнале работиве, големиот Поп ќе мора да крпи со постоечкиот кадар.
Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Хамиду Диало е победник во натпреварувањето во забивање на Ол-Стар викендот. Прво заби преку соиграчот Расел Вестбрук, а потоа скокна преку Шекил и ја крена салата на нозе.
Роден пред 29 години во Акрон, Охајо, трнирал во средното школо Шарлот Христијан па подоцна и на колеџот Дејвидсон. Секаде му викале дека е мал и дека не го бидува додека Голден Стејт не се реши да го земе како 7. пик на драфтот во 2009. година.
Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата и МВП на НБА финалето 2017, Кевин Дурент изјави дека и во случај претседателот на САД да го викне тимот на Голден Стејт на свеченост во знак на честитки за титулата, тој не би дошол.
По неколку години перипетии, Милош Теодосиќ синоќа ставил потпис на 2-годишен договор со ЛА Клиперс вреден 12,3 милиони долари и конечно ќе се проба во најдобрата светска лига. Што може да очекува?
Плејоф лудницата во најдобрата светска лига започнува викендов, а ќе гледаме неколку мега-дуели како оној на Леброн против Пол Џорџ, Харден против Вестбрук или Антетокумпо против ДеМар Дерозан.
Во зависност од тоталниот селари кап (дозволен лимит за плати на играчи) во НБА, неколку браќа или блиски роднини заработија грдни пари. Еве ги најбогатите браќа во најдобрата кошаркарска лига на светот.