Нешто помеѓу помен и трибјут, во њујоршкиот Челси Хотел се отвори изложба на слики на еден од основачите и според многумина ’рбетот на славниот панк бенд. Тоа што таа е организирана токму во овој хотел има и посебна симболика.
Еден њујоршки дизајнер се обидува да ги преиспита постулатите врз кои почива технологијата - брзината и постојаната иновативност. Неговата верзија на познати видео игри се во форма на коцка, и на нив може да правите само еден потег дневно.
Светската фудбалска куќа ѝ предложи на Русија да не гради многу стадиони за Светското првенство кое во оваа земја треба да се одржи за четири години. Русите планираат планетарното фудбалско збиднување да се игра на 12 стадиони во 11 града.
„Посетители“, новиот филм на овој автор кој не сака да се нарекува ниту авангарден, ниту режисер, се состои од долги и бавни прикази на човечки лица, кои гледаат директно во нас.
Во чест на отварањето на Олимпијадата во Сочи, Олимпијскиот музеј во Лозана организира изложба „Руската авангарда и спортот". Таа покажува дека Русите одамна ја сфатиле поврзаноста меѓу масовните спортски настани и политиката.