Кај нас со право одамна е одомаќинето мислењето дека „Германецот не остава ништо на случајот“ и дека „кај нив нема трте-мрте и сè е црно на бело“. Во секоја област, па и во фудбалот.
Фразата „Мia san mia“ е на баварски дијалект и значи „Тие сме кој сме“. Ја користи Баерн, а Баерн е 26-кратен германски и 5-кратен европски првак со вселенски стадион.