По поразот на Супер вторникот, Сандерс целата надеж ја стави на вчерашното гласање во кое демократите од 6 американски сојузни држави го даваа својот глас. До сега Бајден освои 3, а од уште 3 се очекуваат резултатите.
Двајца кандидати на демократите само што се откажаа од претседателската кандидатура и го поддржаа Џо Бајден, а пред гласање на Супер вторник излегоа и неколку истакнати конгресмени од Демократската партија кои јавно ја искажаа својата поддршка за Бајден.
Тоа што го прави Берни Сандерс толкава закана за демократскиот естаблишмент е дека тој се залага за тоа за што милиони демократи мислеа дека нивната партија сето ова време се залага.
Во ново интервју Хилари Клинтон порачува дека „ќе направи сè што може за да го порази“ Трамп во 2020, и уште поважно од тоа го испердаши и Берни Сандерс притоа закачувајќи му етикета на сексист.