Прашањето го поставува Кеси Да Коста во Дејли Бист и со целиот свој текст, како да го отелотворува стравот баш од Бијонсе. Нема „Глупа ви е Бијонсе“, туку внимателно избрани реченици во кои (се) прашува зошто нема ниедна негативна критика за нејзиниот најнов албум, кои ако ги прочитате меѓу редови, вриштат со „Сакам парче да ја направам, ама ми е страв дека ќе ме начекаат во темна уличка.“
На „Висенте Калдерон“ е омилен, го сакаат и навивачите и играчите и управата. Ја ликвидираше хегемонијата на Барса па на Реал, играше две финалиња во Лигата на шампионите. Се поставува прашањето зошто не сака да остане со години како Венгер и Фергусон?
Пред извесно време бев блокиран од страна на несовесно паркирано возило. Кога побарав од вработените во катната гаража да интервенираат, ми беше кажано дека не постои ниедна служба и никаков начин да се интервенира, туку морам да чекам несовесно паркираниот возач да дојде, после што чекав 3 часа за да ја напуштам катната гаража. За утеха ми кажаа дека не му е прв пат и дека претходниот пат морало доктор да оди на операција со такси.
Си немал Букбокс работа, си собирал наслови од сајт, и си направил поетска турлитава. Некои комбинации ни имаат смисла - можеби навистина статииве испраќаат некаква сублиминална порака. Испратете ваша, да видиме каква приказна ви кажува нашиот сајт.