Вакви работи се случуваат кога цела ПР-екипа ти е во карантин и си оставен сам на себе.
Видеото го објави на Инстаграм и Твитер, со говорче за импактот на вирусот врз светот и го нарече „the great equalizer“.
No-Discrimination- Covid-19!! #quarantine #covid_19 #staysafe #becreative #brianeno pic.twitter.com/tvdzeJ7vv9
— Madonna (@Madonna) March 22, 2020
„Гајле му е колку сте богати, колку сте славни, колку сте забавни, колку сте паметни, каде живеете, колку години имате, какви неверојатни приказни имате за кажување,“ вели, седејќи гола во када со ливчиња од ружи. „Сите сме еднакви пред него и она што е ужасно во врска со тоа е истовремено и она што е прекрасно. Ужасното е што нѐ направи еднакви на многу начини - и прекрасното е што нѐ направи еднакви на многу начини.“
Инаку Мадона беше на турнеја и последните два настапи беше принудена да ги откаже.
Можеби затоа пееше на четка во купатило.
Living in Special Times............thank GOD for imagination and fried fish! 🐠🐠🐠 #quarantine #covid_19 #staysafe #becreative pic.twitter.com/AsStqQObOO
— Madonna (@Madonna) March 20, 2020