Пет децении од ремек-делото на Лу Рид, Трансформер, албум што е поактуелен од кога било. Остана запишан како еден од најзначајните придонеси на рокенролот кон општата култура, затоа што за првпат некој проговори за драмата на сексуалниот идентитет низ поезија.
Mу дадоа Нобел за книжевност, но Дилан нема напишано книга од 2004, кога излезе првиот дел на мемоарот „Хроники“. Сега, наместо вториот дел кој одамна се очекува, тој најави книга на навидум поинаква тема.
Војо Шиндолиќ, новинар, поет и преведувач на импресивен список дела на американската книжевност, неодамна објавува „ексклузивно“ интервју со неговиот (наводен) долгогодишен пријател Дилан. Ама меѓу неговите колеги има некои и музички и новинарски потковани. Па го фаќаат во лага.
Од октомври 2016 па наваму Нобеловиот комитет сигурно сто пати зажали што му ја додели престижната награда на човек што прави сè за да им покаже на тоа Швеѓаните дека ич не му чуе за ваквите почести, ама на еден џентлменски начин, како што и доликува на „стара коска“. И да им ги земе парите.
Судени се и по името. Тие се „Rolling Stone“, тој е „Like a Rolling Stone“. И така едно половина век. Импресивен јубилеј за дружењето на два темелни камења на рок-музиката.
Човекот убаво викаше дека е премногу зафатен за да го оддржи Нобеловиот говор, и дека затоа ја праќа Пети Смит да го стори тоа во негово име. Тогаш не му веруваа, ама еве, сега кога му излегува нов албум, јасно е дека имал работа.