Иако денес тоа ни изгледа очигледно, разликата помеѓу „белите“ и оние другите во расна смисла не постоела отсекогаш. Што е и некако логично знаејќи колку долго тие не доаѓале во допир. Концептот „бели луѓе“ всушност го измислил еден - белец.
На денешен ден пред 26 години Црвена звезда го победи Олимпик Марсеј во финалето на Купот на европски шампиони (денес Лига на шампиони) и влезе на вечната листа на освојувачи на овој трофеј.
Џибрил Сисе, кој беше еден од најхаризматичните играчи на времето па клинците Марио Балотели и Пол Погба сакаа да бидат како ѕвездата на филмот Такси 4 и прават фризури како него, објави дека ќе работи како диџеј и моден креатор.
Ако е точно дека „една слика е илјада зборови“, тогаш и моќта таа да излаже е пропорционална на оваа математика. Ова е откриено прилично рано во историјата на фотографијата, а масовно се користи и денес.
На секој иборен циклус, кога ќе забревтаат изборните машинерии а страстите ќе почнат да вријат, нормален човек добива чувство дека се допира дното и дека "никогаш вака на било". А било. Не е од вчера констатацијата дека политиката е иста како правењето кобасици.
По патешествието до Бари со автобус кое им било забавно, но и смрдливо поради Пеџа пијаницата, следуваат случувањата на стадион, пред и за време мечот. Зоран раскажува како за добро утро виткал џоинт, а потоа фрлил двајца навивачи во фонтана. Трибината ја покриле со бело.
Одиме со втор дел од приказната на Делии за Бари, напишан од некогашниот нивни водач Зоран Тимиќ. Во првиот дознавте како се спремале за пат, шиеле знамиња и поминале низ ризичната Хрватска за да набават бакљи. Сега на ред е патешествието до Италија со пиво и виски.
На античка Грција ѝ се случува брилијантниот филозофски трилинг Платон, Аристотел, Сократ. Не е тоа последен пат вонсериски ликови да се најдат во исто време и на исто место: во предвоено Сараево се собираат мангупите од 'Топ листа надреалиста', малиот Сплит ги дава маестралните Фераловци...во Скопје се среќаваат Владо Јаневски и Роберт Саздов.