Трабзонспор одигра 1:1 на гостувањето против Анкарагучи во последното коло пред Мундијалот, а единствениот погодок за гостите го постигна Барди кој реагираше одлично пред гол, како да игра 9-ка. Четврти погодок за македонскиот репрезентативец сезонава во дресот на турскиот прволигаш.
Трабзонспор го декласираше Монако со 4:0 во 4. коло од Лига Европа, натпревар на кој македонскиот репрезентативец, Енис Барди блесна од својата омилена позиција. Знаете кој друг има направено ваква мангупарија така? Роналдињо, Меси и Тони Мицевски. Толку се.
Само 4 минути и беа потребни на Македонија да го најдат патот до голот против аутсајдерот Гибралтар. Поатрактивно не можеше да биде. Уживајте во атракцијата на специјалистот за слободни фрлања, Енис Барди.
Фудбалерите на Леванте одиграа 1:1 на гостувањето против Валенсија, резултат кој не им одговара со оглед на тоа што се на дното на табелата со -6 од испаѓање на 4 кола до крај. Македонскиот репрезентативец Енис Барди го испука можеби најсилниот удар во кариерата, ама немаше среќа, инаку ќе го имаше голот на колото.
Фудбалерите на Леванте се изнамачија сезонава и дури во 20. коло успеаа да стигнат до првиот триумф во шпанскиот шампионат. Барди не постигна гол, ама направи маестрална акција по која следуваше маестрална асистенција.
Нема ден некој шпански спортски медиум да не напише збор-два за едно од најголемите откровенија во Ла Лига сезонава - младиот Енис Барди за кој бековите избегнуваат да прават фаул близу шеснаесетникот. Сега на ред дојде шпански Goal.es.
Македонскиот репрезентативец игра сјајна сезона а доказ за тоа е и новиот гол за Леванте во ремито со Еибар на гости 2-2. Ова е четврти гол за Барди во Примера.
Леванте има два порази по ред во шпанското фудбалско првенство, но и покрај тоа медиумите од уста не го вадат Барди. Со 3 гола од кои 2 мајсторски од слободен удар тој е најдобар стрелец во Ла Лига меѓу играчите од среден ред. Изборот е на Скај Спортс.
Снајперските удари на Енис Барди кој стана хит во Шпанија не се само дарба. На јутјуб се појави видео на кое се гледа како македонскиот репрезентативец тренирал слободни удари на мали голчиња. Ете што значи напорна работа. За сега во дресот на Леванте има постигнато вкупно 5.
Кога Леванте добива слободен удар, навивачите ги местат телефоните за снимање. По само пет минати кола во Ла Лига, Барди дочека публиката на Сиутат де Валенсија да грми како хор извикувајќи го неговото име. Неговата мајсторија од два навивачки агли.
Шпанските медиуми не штедат зборови за нашата гордост Енис Барди и пред и по синоќешниот дуел со Реал Сосиедад, а ние не паметиме ваков старт на македонски фудбалер во некоја од најсилните европски лиги. Само Ѕаѕа, Гомез и Меси имаат повеќе голови од него во Ла Лига.
На голманите во Шпанија веќе е и нормално да им се тресат нозете кога играат против Леванте, а на слободен удар се мести Енис Барди. Гол број 3 за македонскиот репрезентативец во Ла Лига и вкупно петти од слободен со се пријателските. Еден од колегите не сакаше да му дозволи да шутира. Чуму? Па најдобар е во тоа.
Македонскиот репрезентативец не е опасен само од слободни удари, а тоа го покажа на денешниот натпревар од 4. коло во Ла Лига. Откако фудбалерите на Валенсија поведоа по половина час игра, на четири минути до паузата Барди одлично се снајде во шеснаесетник и на мајсторски начин го матираше Нето за 1:1.
Кога сезоната во шпанскиот фудбалски шампионат уште не беше почната, Енис Барди веќе нанижа три комада за Леванте. Што направи викендов во Ла Лига? Прашајте го голманот на Ла Коруња. Голчиште за сите пари од новиот специјалист за слободни удари. Едвај чекаме тв пренос со Леванте.
Селекторот Игор Ангеловски сигурно е презадоволен од формата на македонските репрезентативци во очи на квалификациските средби со Израел (2-ри) и Албанија (5-ти) септември. Голови на наши интернационалци фрчеа во Шпанија, Англија, Италија, Турција, Кипар.
Со игрите на подготвителните натпревари за новата сезона, македонскиот репрезентативец, Енис Барди се повеќе го оправдува трансферот во шпанскиот прволигаш Леванте. Нека му ја мислат голманите во Ла Лига кога ќе се мести на слободен.
Еден од главните пулени на Боби Милевски уште на стартот покажа дека ќе биде големо засилување за Леванте во првата шпанска лига која стартува на 20 август. На дебито постигна гол против Ла Нусија, а сега и против Кадиз. Браво дете, причина повеќе да се гледа Ла Лига сезонава.
Тоа што македонските надежи не успеаа да победат на ниту еден меч на дебитанското Европско првенство не го зема никој за грев. Во составот на Милевски кој очекуваме да биде идната А селекција на Македонија, скаутите избраа фудбалер и го сместија во славно друштво.
По фантастичниот погодок на Никола Ѓорѓев против Србија, фудбалерите на Боби Милевски уште еднаш ги демонстрираа своите голгетерски квалитети од далечина. Овој пат има соло акција и голчиште на Енис Барди во првото полувреме против Португалија.