21-годишниот фудбалер од средниот ред на италијански Наполи се очекува да биде водечка сила на македонската фудбалска репрезентација на првото Европско првенство за нас.
На стадионот Шауинсланд Рајзен Арена во Дујзбург, Македонија го сруши повеќекратниот светски и европски првак Германија - 1:2 (0:1) и го направи најголемото изненадување во мартовските квалификации во Европа.
Македонската фудбалска репрезентација ги освои планираните 3 бода против аутсајдерот во групата кој немаше што да бара на гостувањето во Скопје. Добра партија на Трајковски кој за три минути даде два гола. Паненка на Нестор.
Само 7 минути игра и беше потребно на македонската фудбалска репрезентација за да го отвори резултатот против аутсајдерот Лихтенштајн. Сите мислеа дека Барди ќе нафрла, а Енис биеше директно во гол и го фати неспремен голманот на гостите.
Култниот албум од италијанскиот гигант Панини наскоро треба да го пушти во продажба своето најново издание за Европско првенство. Во него ќе се најдат и најдобрите македонски фудбалери чии сликички со задоволство ќе ги лепиме.
На четири месеци до деби настапот на ЕП, во фокусот на УЕФА е нашата фудбалска репрезентација претставена со кус осврт на најважните мигови од историјата. Има и еден податок од 1960 кој веројатно не сте го знаеле.
Викендот зад нас помина одлично за македонските репрезентативци. Прецизни беа Несторовски кој е прв стрелец во Хрватска, Трајковски во Италија, Агим Ибраими во Словенија, Бабунски во Шпанија.
Македонската фудбалска репрезентација го забележа и седмиот пораз во 8. квалификациско коло за Европското првенство во Франција 2016. Поразот од 0:1 не изгледа воопшто страшно, бидејќи овој пат не игравме против Луксембург.
Македонската фудбалската репрезентација го доживеа и четвртиот пораз во квалификациите за ЕП 2016 година. Како по обичај, водевме 1-0 и на крајот загубивме 1-2. Пачовски го одигра најдобриот натпревар, но не можеше сам.
Македонската фудбалска репрезентација за десет дена го игра петтиот квалификациски дуел за ЕП 2016. Селекторот Бошко Ѓуровски го повика братот на ѕвездата на Челси, Немања Матиќ, Србинот Урош Матиќ кој неодамна доби македонски пасош.