На Британец можеш да му земеш сè, само правото да се напие пиво и да гледа фудбал не. Од тоа беа лишени од март месец од кога речиси сите европски стадиони се затворени за публика поради коронавирусот. После долги и напорни месеци, допуштен е ограничен влез на стадионите.
Двата најголеми германски клубови, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен вечерва од 18:30 ќе се судрат на „Сигнал Идуна Парк“ во 28. коло од Бундеслигата. Овој Der Klassiker би можел да ја одлучи борбата за титулата
На 19 мај 2001 година, пред точно 19 години, во германската елитна лига се одиграа најлудачките последни секунди во борбата за титулата. Таква драма немало во Бундеслига, ни порано ни подоцна.
На 12 април 2000-та, Баерн Минхен гостува кај Фрајбург. Во еден момент од мечот од трибините полетува голф топче и му ја пука аркадата на најдобриот германски голман во тие години. Кан го сошија и го доигра мечот на кој Баерн после пресврт и со играч помалку победи со 1:2.
Мајкл Оливер ги учел судиските правила уште на 4 години и денес е најмладиот судија во англиската Премиер лига. Неколку пати го критикуваа Венгер и Мурињо но од ФА сезонава му довериле дури 33 меча во најдобрата англиска лига.
Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.