На денешен ден (11 декември) во 2016 година, почина Есма Реџепова, светски познатата ромска кралица на музиката од Македонија. Еве како за тоа во јавноста известуваше омилениот „новинар“ на октроираната власт на чело со Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски итн. што ја преименува и обезличи Македонија.
Врвни светски интелектуалци и креативци предупредија дека цензурата ја уништува слободата, замолчува легитимни мислења и ја поткопува демократијата која бара дебата и соочување на различните мислења. Секогаш го имало тоа, само што сега размерите се стравични, благодарејќи на моќните технолошки алатки и „експертите за дезинформации“ кои го чуваат просторот од непожелни мислења.
Вака ситуација имате во лијепа наша: од една страна, српската пејачка Александра Пријовиќ распродала рекордни пет концерти во загребска Арена, што се околу 100.000 луѓе (Оливер Драгојевиќ да стане од гроб не би наполнил толку). Од друга страна, бирократи во едно место крај Задар бараат да биде остранета надгробна плоча затоа што е напишана на - кирилица.
Технологијата има потенцијал да создава позитивни промени и преку иновации да го олесни и подобри животот на луѓето и општеството. Согледувајќи ја позитивната страна на дигиталниот напредок, водечката македонска едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster), преку своите напредни образовни програми и работата на реални проекти, дава значаен придонес за заедницата.
Очекувавме рокерите да бидат некаква свест и совест во тешките времиња. Напротив, повеќе од нив се покажаа како бедни малограѓани и конформисти а оние кои нејќеа да одат во табори реагираа смотано и незграпно. Од друга страна, народњаците од својата „ниска“ култура изреагираа подобро и поболно дури и од некои нагласено урбаните автори.
Од моментот кога истиот оној систем за кој не можеа да престанат хвалоспеви за време на најразлични „пролети“ и „револуции“ низ светот помогна Америка да се разочара во самата себе од изборот кој го направи за Белата куќа, Фејсбук премина во константна дефанзива. Дел од дефанзивата беше и обемна маркетинг кампања направена по сите стандарди за да ја одоброволи накострешената јавност.
Налетал на последниот поздрав до Оливер Драгојевиќ, нашата кратка и искрена еулогија за гласот кој нема да можеме да го изнаслушаме до крајот на животот, статија која завршува со хармонски божествената изведба на песната „Два пут сан умра“ во париска Олимпија. Ама дечкото останал на насловот, го мрзело да види за што се работи, па прогласил, ни помалку ни повеќе - смрт на новинарството! Ете, таков ќе преговарал во име на Македонија.
Се изнамачи со тоа ракот и на 71-годишна возраст почина Оливер Драгојевиќ, чудесното далматинско грло што со нас сподели едно од најфасцинантните зреења на кои сме сведочеле, во музичка и гласовна смисла. Џони Кеш, Шабан Бајрамовиќ, Оливер Драгојевиќ. Без каков трилинг неповторливи старки останавме!
Целта на транс-јадранскиот гасовод е да обезбедува руски гас „за секое ќоше на ЕУ“ и како таков неговата изградба ќе биде платена 4,5 милијарди евра. Како ретко кога проблем за завршување на проектот не се пари, туку маслинки.
Главната тема на претпоследната епизода од „Минатата недела, вечерва“ беше кинескиот претседател Кси Џинпинг и таа беше разработена како што Џон Оливер тоа стандардно го прави: горе-долу хумор, горе-долу факти и задолжително да се вмеша Трамп. Неделава секое споменување на Џон Оливер е избришано од најголемата социјална мрежа во Кина, Веибо.
Дизелгејт на Фолксваген останува една од најголемите и најмасовни измами во историјата на корпорациите, не само на авто-производителите. Како што минува времето целата афера само се збогатува со содржина, последно е дека германската корпорација ги тестирала издувните гасови од своите автомобили на десет мајмуни.
Зошто се однесувате како виновник/ иредентист кога в рака ја имате пресудата на Меѓународниот суд на ОН, во која експлицитно се аргументира дека ниту едно дејствие на нашата држава не е или не било иредентистичко? Кој ве овластил да преговарате за името и за идентитетот? Зошто вршите притисок врз јавноста дека е ова историски миг за влез во НАТО, кога фактите зборуваат дека самит не е потребен доколку членките на НАТО одлучат да ја примат земјата без уцени, согласно со Времената спогодба и со пресудата на Меѓународниот суд на правдата на ОН?