Нашите од Икс Фактор

Не се тоа оние наши за кои овде сериозно се навива, се дебатира и све нешто се стрепи над нивната иднина и кариера. Ова се едни други наши кои имаат таков икс фактор кој ќе морате да го видите уште еднаш за да ви се верува што сте виделе и чуле.

Трето место:

Тим, Ол најт лонг.

Му требала голема храброст за да се појави пред жирито ама имал поддршка од девојка му. Ќе видите зошто на крај ќе му кажат: "Девојка ти мора многу да те сака".

Второ место:

Џеј Стар, Алејуја-а-а-а-а

Многу сериозен вовед кој му дава тежина на талентот кој комплетно го изненадува жирито-о-о-о.


Прво место:

Ант и Себ (а.к.а. Ant and Deaf)

Браќа. Едниот "пее како Ашер и Рик Естли" а другиот е - Пи Диди. Пазете го Пи Диди како прајслес ѝ помага на песната.

 

10 јули 2015 - 13:13