Клучната разлика меѓу елементарно почитување на нечиј труд и шизофрено глорифицирање на просечноста

Во нашава мала, затуцани средина, реалната проценка се доживува како смртна навреда, а лажниот, лигав аплауз се смета за врвна карактерна особина и добрина. Токму затоа и имаме полна држава со луѓе кои со децении се цврсто убедени дека се недопрени, автентични генијалци. Тие не се убедени затоа што некој со релевантен мозок им кажал дека се вредни туку затоа што сите околу нив биле премногу кукавици или премногу мрзливи за да им ја кажат суровата вистина дека се тотално просечни и не ги бива.

Абе, имаме еден прекрасен, фатално ретардиран феномен на овие простори. Човек ќе направи нешто тотално просечно, безнадежно безначајно, понекогаш и комплетно срање, и веднаш од грмушките излегува дежурната армија со социјален дебилизам и го вади ебениот штит Ама битно се потрудил! Вложил труд!

Да бе, секако. И јас сабајлево се потрудив максимално да ја паркирам колава во прва брзина на тротоар, ама тоа не значит дека треба да ми доделат орден за вселенска архитектура. Земи ја дипломава, дечко, битно се потруди!

Ова со трудот како автоматски, божји сертификат за супериорен квалитет е еден од најјаките човечки шорткати. Човек нацртал слика што личи на Windows позадина од 2004 година? Битно се потрудил. Напишал статус од 17 пасуси во кој нема еден грам функционална мисла? Битно се потрудил. Снимил песна што звучи како три претепани пијаници да се колат пред распадната селска кафана? Битно се потрудил. Направил домашно вино во подрум кое има вкус на грозје што брутално се степало со оцет? Битно се потрудил. Направил домашен кашкавал што се џвака како фаповска гума ? Битно се потрудил.

И пази ја сега таа квази-филозофска балканска логика. Ако ти со твојот здрав разум излезеш и кажеш Дечки, извинете, ама ова за кур не чини, ти во нивните очи не си направил објективна проценка на производот. Не, не! Ти си извршил емоционален атентат врз неговата кревка личност. Кај нас се оценува намерата, а не резултат. Епа брат, и кутриот што прави отровно вино во канта може да се труди до степен на дехидрација, ама тоа неговата сплачина нема да ја претвори во престижно француско вино. Трудот е едноставно потрошено време. Резултатот е тоа што го конзумираме. Тоа не е исто, разберете еднаш во тие лејки шо ви се на рамења!

Ама кога ќе им ги потрошиш тие два преостанати аргументи во мозокот, тогаш на сцена стапува омилената балканска олимписка дисциплина: брутално лепење етикети. Не ти се допаѓа филмот? Хејтер! Не паѓаш во несвест од неговата поезија? Љубоморен! Имаш конструктивна критика? Негативец! Бараш доказ за неговите глупави тврдења? Се праиш паметен! Не се воодушевуваш колективно како останатите овци во коментари? Еее, ти сигурно имаш нешто лично против човекот.

Даваш реален став и издржано мислење, ти си гневен, лут, фрустриран

Ова е ептен генијална, психопатска техника. Не ја браниш сликата, песната, ракијата, виното, пивото, сирењето или ретардираната идеја. Наместо тоа, како бесно куче го напаѓаш човекот што одбил да ти аплаудира. Тоа е исто како да влезеш во ресторан, да кажеш дека месото во тањирот ти е живо и расипано, а келнерот да ти се внесе во фаца и да ти каже дека ти како индивидуа имаш многу црна аура и си негативна личност.

И најмногу ми се моча од смеење кога за некое дело ќе кажеш Дечки, ова реално не е ништо посебно, тотална нула. И веднаш ќе добиеш контра-тупаница од некој ретардиран дежурен душебрижник Ај па ти направи подобро бе!

Шо?! Не, дечко, не функционира така светот. Јас не морам да бидам сертифициран вински мајстор со три факултети за да констатирам дека виното ти има вкус на акумулаторска киселина. Не мора да бидам сопственик на пивара за да кажам дека пивото ти е безвезе и мириса на влажен чорап (кхм). Не морам јас да молзам крави и кози во 5 сабајле за да забележам дека твоето сирење се џвака како гумичка од молив. И не морам да напишам роман од илјада страни за да сфатам дека твојот статус на Фејсбук содржи 900 патетични зборови само за да ја каже една ебена, плитка реченица.

Ова е таа клучна разлика меѓу елементарно почитување на нечиј труд и тотално, шизофрено глорифицирање на просечноста. Секој нормален човек може во исто време да каже Се гледа дека кутриов вложил многу труд и време во ова, и во истата секунда со чиста совест да додаде Ама крајниот резултат е тотално, невкусно срање. Тоа не е омраза, тоа не е фашизам, тоа не е завист. Тоа се вика евалуација. Дечки не треба да ја оценуваме намерата, туку резултатот. Тоа ти е исто како да отидеш на лекар за модрица на нога, докторот да се труди и да има намера да ди помогне ама од некадарност и неспособност на крај завршуваш со ампутирана нога, и да му кажеш Фала ти докторе иако си неспособен важно имаше добра намера и се потруди.

Само што во нашава мала, затуцани средина, реалната проценка се доживува како смртна навреда, а лажниот, лигав аплауз се смета за врвна карактерна особина и добрина. Токму затоа и имаме полна држава со луѓе кои со децении се цврсто убедени дека се недопрени, автентични генијалци. И пази, тие не се убедени затоа што некој со релевантен мозок им кажал дека се вредни. Туку едноставно затоа што сите околу нив биле премногу кукавици или премногу мрзливи за да им ја кажат суровата вистина дека се тотално просечни и не ги бива.

И така, чекор по чекор, од тоа почетното ненормално Битно се потрудил, стигнавме до фаза на тоталитаризам: Не смееш да кажеш дека неговото дело не вреди! А ако сепак имаш муда и го кажеш тоа јавно, ти веќе не си критичар со став. Ти си ебен хејтер. Не си скептик со интелект. Ти си дежурен негативец. Ти не си кажал дека неговото дело е слабо, туку директно си извршил терористички напад врз неговиот невин, детски сон!

Епа вака, брат. Ако едно дело, една песна, едно вино или едно ебено сирење може да преживее во јавноста само додека сите околу него се принудени хипнотизирано да климаат со главите како кучиња на задна шофершајбна, тогаш верувај ми, проблемот воопшто не е во мојата критика. Проблемот е што твоето дело е најобично, досадно, просечно срање. И тоа е сосема легално во природата.

Не мора секој идиот што се потрудил и се испотил да биде признаен за генијалец. И не мора секој човек што одбил да ти го излиже газот и да ти аплаудира на глупоста да биде прогласен за твој животен непријател. Сфати го тоа и немој да бидеш глуп.

Александар Мат

1 октомври 2026 - 18:44