Како изгледа еден млад старец на Лацио на „Фејсап“

Апликацијата за стареење „Фејсап“ растури на Фејсбук, па да видиме во нашево спортско поле што имаме да споделиме на таа актуелна тема.

Се сеќавате ли на Жозеф Мари Минала? Бидејќи сторијата за него е пред пет години, па сигурно на некој му е избледена да потсетиме со пар реченици.

Тоа е едно од оние деца кое потекнува од сиромашен кварт во Камерун, желен за фудбал, а свесен дека за да фати таков пат најдобро му е да оди во Европа.

На 15 години заминува за Италија и почнува да тренира во римски клуб кој се грижи за таленти на кои потоа им го трасира патот во поголеми клубови.

За талентот на Минала дознаваат Интер, Рома, Удинезе и Џенова, но муабетите брзо се прошириле па го викнале на проба во Наполи. Следна дестинација му е Лацио каде играше во тимот У-16, а потоа стаса до У-21.

Камерунецот роден 1996-та, тогаш имаше 17 години, факт многу сомнителен за сите кои го имаат видено.

И сега да преминеме на главното. Минала со апликацијата за стареење изгледа вака: 

А кога беше во Лацио на 17 години изгледаше вака :))))).

Сега е на позајмица во Салертината и има 22 години.

19 јули 2019 - 12:34