Дали имате мозок?

Ве молиме не ставајте осила во вагината

Не, не е „На дното“. Не знаев дека на светот ќе му затреба и ВАКВО предупредување, но очигледно мора.

Затоа што на некоја будала ѝ текнало дека е паметно да користиш ГНЕЗДА ОД ОСИ за подмладување, разубавување и други атрактивни глаголи околу гениталиите, една докторка (што гарант си рекла „за ова ли ја учев медицина, бе?!“) предупредува едноставно – да не се глупираме.

Што е финтата?

Се работи за еден бизарен тренд што опфаќа собирање осила и нанесување на вагината со цел затегање и подмладување.

Значи.

Како пречесто да се прашувам „кај им текнуе“, веќе.

Дали ова ви личи на нешто што воопшто треба да ви е во близина?

На интернет можат и да се најдат продавачи на осила со јајца, рекламирајќи ги како природен начин да се исчистат женските гениталии. Производот наводно се гмечи во паста и се нанесува на местото што сакате да го разубавите (!), и на Etsy дури имаше и ваква понуда која што сега веќе не може да се најде, а тврдеше дека води кон подобрување на сексуалниот живот на една жена (!).

Се рекламира и за подмладување на ѕидовите на матката, за заздравување на рани и чистење на вагината после породување, но предупредува дека може „малку да пече“.

Оф, ај да не почнуваме ние зошто е сè ова погрешно, ај нека каже доктор.

Џен Гунтер, гинеколог што не сретнал лекување со оси за време на своите студии предупредува да не верувате на вакви глупости, од проста причина што е опасно. Имено, оваа практика користи сушење како метод за затегнување на вагината. На нејзиниот блог вели вака: „Сушење на вагиналната слузокожа го зголемува ризикот за абразии за време на сексот и го уништува заштитничкиот мукозен слој. Ова не е добро.“

Не ви текна некако на сликава?

„Може и да ги направи добрите бактерии парче. Опасно е и има голем потенцијал за штета. Еве ви и профи совет: ако нешто пече кога ќе го нанесете на вагината, значи не е добро.“

И ова не е прв пат таа да предупредува за користење на хербални лекови на своја рака. Лани на пример, се обрати во контекст на еден тренд за детоксификација на матката (кај. им. текнуе.) што наводно им помагал на жените при ендометриоза, цисти на јајници и фиброиди. Се промовираа вреќички со парфимирани тревки, атрактивно наречени Хербални перли за детоксификација на матката и требаше да се вметнат три вакви глупи топчиња во рамки на 72 часа.

Но Гунтер објаснува: „Да оставиш производ во вагината кој не е дизајниран за продолжена употреба (а овие не се) е ризик од синдром на токсичен шок. НЕМОЈТЕ.

А зашо бе, да треба да им кажеш?

*****

Види и:

На некои луѓе им е слатко со пчели

5 јуни 2017 - 13:25