„Од Педагошка до Бихаќка“ писма на читателки

Околу 15- ти декември 2024 во Веро купив честитки (нема на друго место) и во поштата кај Педагошка ги испратив на моите внуци за да ги изненадам и да им покажам како се честиташе Нова година во едно време кога сите бевме едни други луѓе кои меѓу себе повеќе се почитуваа. Е, денес е 22 јануари 2025....

Денес новогодишни честитки се испраќаат по телефон. Просто: бираш честитка, кликаш и испраќаш. Без емоција, без возбуда и автоматски. Но, порано не беше така.

Купувавме честитки со идилични зимски пејсажи, со куќичка во шума затрупана во снег, со осветлени прозори и сето тоа со светки. Спрема личноста на која испраќаме избиравме тип на честитка и мислевме дали и колку ќе ја израдува. Потоа одевме во пошта, лепевме маркичка и за некој ден се радувавме кога адресантот ке ни кажеше дека ја добил честитката. Е ама сега не е така...

Околу 15- ти декември 2024 во Веро купив честитки (нема на друго место) и во поштата кај Педагошка ги испратив на моите внуци за да ги изненадам и да им покажам како се честиташе Нова година во едно време кога сите бевме едни други луѓе кои меѓу себе повеќе се почитуваа.

Е, денес е 22 јануари 2025 и честитките не се стигнати. Поштарката ми рече за 2-3 дена ќе стигнат. Замислете требаше да патуваат од Педагошка до ул. Бихаќка (Скопје).

Но очигледно некој во МК пошти не мисли така. А можеби поштарот си рекол па ова не е нешто важно. Само честитки и ги фрлил...

Како и да е, следната година ке напишам честитки, ке залепам маркички а потоа сама ќе ги однесам на Бихаќка и ке ги ставам во сандачето за пошта. Така ке ги израдувам внуците, но потоа ќе им објаснам дека честитките испратени по телефон колку и да не се емотивни и излитени, секако се посигурни од честитките испратени по Македонски пошти.

Донка

23 јануари 2025 - 12:28