Offside

Хитмен ја комбинираше свирепоста во рингот со ретка топлина за своите обожаватели надвор од него. За британскиот бокс беше она што се Оејзис за британската музика. Почивај во мир.

Неодбранлив автогол на Алаба

Гледаме пеколен старт на вечерашното полуфинале во Лисабон кое по само 9 минути игра донесе два гола и три зрели шанси за Барселона. Резултатот го отвори Милер во 4 минута, а по само 3 минути Алаба го лобуваше Ноер за 1:1.

Кога на стадион ќе ти се погоди да има топла вода

Морумби е стадион вo Сао Пауло, Бразил со 67,052 места, капацитет кој знае да спласне кога ќе претера дождот. Тогаш се претвора во Аква Парк.

Видео кое не се догледува меѓу навивачите на Атлетико

Кај се наапани што испаднаа од Лајпциг, клуб кој се роди пред 11 години, па сега уште и ова им го рокаат на Твитер. Гревови.

Малериште на колото за 250.000 евра

Играта му е конкретна, а тоа е кој ќе победи. Одбрал 12 парови од ЛШ и ЛЕ, гаѓа 11 и го чека уште Атлетико Мадрид. Во 71-ва минута израмнија на 1:1, по што веројатно доживеал тресење едно 20 минути. Во 88-ма 2:1 за Лајпциг. Влогот му е 100 евра.

Проблематичниот пат на Лајпциг до врвниот фудбал

На 8 август 2009-та, Лајпциг го доживеа пречекот во светот на фудбалот. Почетоците на клубот беа далеку од гламурозни и далеку од центарот на вниманието. Без ВИП салони, климатизирани соблекувални и високо технолошки прес центри.

Достоен пречек за хероите на Аталанта

Сезонава постигнаа рекордни 98 гола и само Сити (102) и Баерн (100) имаат повеќе од нив. Дебитираа во ЛШ маестрално и тоа не само со поминување групи, туку и со пласман во топ 8 откако ја попарија Валенсија со вкупни 8:4. Плус до 90-та минута против ПСЖ имаа в рака и полуфинале.

Чувството дека си полуфиналист во ЛШ, а постоиш само 11 години

Да, компанијата Ред Бул го формираше Лајпциг на 19 мај 2009-та. Седум години подоцна од петта стасаа до Бундеслига. Осум години подоцна влегоа во Лига на шампиони. 11 години подоцна се пласираа во полуфинале. Ги води Јулијан Нагелсман на возраст од 33 години, најмлад тренер во историјата кој стигнал до топ 4. Неверојатно.

За Роналдо не постојат лоши кифли

Тоа е, стрвен си е човекот, сака да си касне.

Историско полуфинале на Лајпциг со гол во 88 минута

Аталанта не успеа да стигне до првиот пласман во полуфинале на ЛШ во нивната историја, но Лајпциг успеа против искусниот тим на Диего Симеоне кој има две финалиња. И вториот меч донесе драма во финишот кој Германците го решија со 2:1 и го шокираа Атлетико.

Нема многу леви бекови кои го можат ова

Беше дел од легендарниот состав на Рома која го освои Скудетото во 2001, како и член на селекцијата на Франција со која стана светски и европски првак. Можеби сте го подзаборавиле бидејќи се пензионираше како играч на Месина пред 13 години.

Во Париз се славеше како веќе да освоиле ЛШ

Блокирани улици, свирежи од коли, огномет. Навивачите на ПСЖ синоќа беа во транс откако нивниот тим направи чудесен пресврт во 90` и 93` и по пауза од 25 години стана полуфиналист во ЛШ.

Шпански тенисер му зема брилијантен поен на Ѓоковиќ

Светскиот тенисер број 1 се спрема за УС Опен во Шпанија, а на еден од подготвителните натпревари се сретна со 21 годишниот Алехандро Давидович Фокина. Тој е 97-ми на рангот на АТП, ама тоа не го спречува да го изведе тешкиот удар наречен „твинер“, на што се воодушеви и Новак.

Опасниот перформанс на Нејмар во 2 минути

Бразилецот им извади душа на Италијанците со многу трчање, дриблинзи и пасови и му недостасуваше само финиш за кој се погрижија другите. Го израмни и рекордот од 16 дриблинзи на еден меч во ЛШ, кој прво го постави Хавиер Занети против Динамо Киев во 2003-та, а го повтори Меси против Манчестер Јунајтед во 2008-ма.

Дали ви е јасно кој е човекот кој го однесе ПСЖ во полуфинале?

Се вика Ерик Максим Чупо Мотинг и покрај таа страшна навала составена од Нејмар, Мбапе и Икарди, не е ништо страшно ако не го знаете. Тој е напаѓач со скромно портфолио кој лани ја направи најнесфатливата утка во 150 години фудбал, а синоќа беше херој.

Лудачки финиш во Лисабон, Аталанта е елиминирана со пресврт во 90` и 93`

Фудбалерите на ПСЖ и Аталанта приредија ненормална драма на првото четвртфинале во ЛШ на кое се радуваа Парижаните. Тимот од Бергамо до 90-та минута имаше сензационален резултат за полуфинале, но капитулираа во судиското продолжение.

Нејмар го изеде срамот против Аталанта

Тимот од Бергамо има сензационално водство од 1:0 на полувреме против богатиот ПСЖ, кој пак имаше чиста шанса да го отвори веднаш резултатот. Нејмар излезе сам пред голман, а Мбапе се држеше за глава кога го виде што промаши.

Роди ме мајко во Премиер лигата, фрли ме во буниште

Најбогатиот фудбалски колач на планетава се дели во Премиер лигата и тоа е добро познат факт веќе секоја година. Во прашање се 5,5 милијарди фунти кои клубовите ги делат од тв права. Првиот сезонава ќарил 174,4, а последниот 4, пардон 94,4 милиони фунти.

Коментатор влезе во Мото ГП филм на контрата на Траоре

Јужноамериканецот изгледа си замисли дека фудбалерот на Вулверхемптон е Валентино Роси, па во еден момент го имаш ова:

На Охридско езеро одмара играч на Јуве вреден 35 милиони евра

Аталанта го купи 165.000 евра, а на Јувентус му го продаде 35 милиони. Го облече дресот на Македонија, ама штета што го соблече и покрај тоа што се гледа дека го влече крајот од каде потекнува.

Фудбал со кугла

Зошто боси? Зошто судија? И зошто побогу со кугла? Епилог: двајца играчи на терен, двајца повредени.

Стадионот во Прилеп е лудило, Вембли нема ваков тревник

Кој и да е во право во тие вечни македонски институционални преписки, тука сигурно некој мора да е и во криво, нели? Или ај да бидеме конректни со прашањето. Кој е царот над царевите кој на ФК Победа и направи ваков терен? Ама одма да се пријави сам.

Атлетскиот спринт на Траоре кој беше спречен со пенал

ЕСПН синоќа објави фотка со следниов коментар: Замисли да треба да играш против Адама Траоре. Крилото на Вулверхемптон кај има физикус на билдер, па уште и е струја на терен. И со топка е побрз од играчите на Севиља.