Достоен пречек за хероите на Аталанта

Сезонава постигнаа рекордни 98 гола и само Сити (102) и Баерн (100) имаат повеќе од нив. Дебитираа во ЛШ маестрално и тоа не само со поминување групи, туку и со пласман во топ 8 откако ја попарија Валенсија со вкупни 8:4. Плус до 90-та минута против ПСЖ имаа в рака и полуфинале.

Сезонава во Серија А ја завршија со 78 бода, само пет помалку од шампионот Јувентус и со тоа повторно на есен ќе ги има во Лига на шампиони. Па повеќе од нормално дека заслужија пречек од навивачите.

14 август 2020 - 11:10