Offside

Џенаро Гатузо утрово слета во Рим каде в четврток и официјално ќе биде претставен како нов предводник на италијанската репрезентација. Кој би рекол дека баш Рино ќе го повикаат. Задачата му е многу тешка. Да не дозволи трето фијаско по ред на мундијалските квалификации.

На Бристол му требаа 7 гола да влезе во трета лига и се случи чудо

Во англиското фудбалско подземје фудбалот е на ниво на религија. Во четвртата дивизија, позната како Лига 2 финишот од сезоната беше невозможно луд. 

Баскиско плакнење очи

Атлетик Билбао - Валенсија викендов 0:0, резултат кој може да го видите и на еден поинаков начин. Кој вика дека е лоша глетката во последен ред?

Чичарито да си го наместиш нишанот

Славниот мексикански напаѓач кој заигра во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, е далеку од стар. Има 33 години и трета сезона го носи дресот на Галакси. Ваква шанса срамота е бек да ја згреши.

Најчудниот автогол на колото кој не може да се повтори

Во второто коло од фудбалскиот турнир на Јужно-азиските Игри, Камбоџа У-23 која што од клупата ја предводи јапонскиот легендарен играч и тренер Кеисуке Хонда, победи 0-2 против Лаос У-23. Вториот гол беше комичен зошто не може да се изведе уште сто пати да се повтори.

Германска фудбалска култура пуштена на најјако

После тетовската лакрдија на дербито, нè удри културен шок. Ние сме сериозно многу светлосни години назад. Па ова е тешко да се процесуира од што е неверојатно.

Убав гест на Барса за освојувачот на Копа дел Реј

Атлетико Мадрид викендов играше градско дерби кое го доби со 1:0, но не го испочитува Реал Мадрид на шампионски начин со шпалир. Каталонците тоа го направија за играчите на Бетис како освојувачи на Купот, вкупно трети во нивната историја.

Кевин Дурент првпат доживеа што значи европско навивачко лудило

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Кевин Дурент во живо ги следеше последните два натпревари меѓу Олимпијакос и Монако за кого игра неговиот најдобар другар Мајк Џејмс со кого на времето играа во Нетс. НБА суперѕвездата беше сведок на навивачко лудило во Пиреја.

Шкендија - Шкупи, дива лига

Додека Италија ужива во градската битка за Скудетото, а во Англија за титулата се борат гигантите Сити и Ливерпул, ние тука ај што немаме можност нормален фудбал да гледаме, туку имаме и некои цивилизациски заостанувања и во 21 век бележиме гаѓање фудбалери со камења.

Манчестер декласиран од Брајтон со 4-0, Јунајтед ја игра најслабата сезона во Премиер лига

Манчестер Јунајтед продолжува да го руши угледот и да го ситни авторитетот кој некогаш го имаше како трофеен хегемон во англискиот фудбал. Тимот предводен од Ралф Рагник доживеа историски срам кај Брајтон на гости и ги изгуби шансите за пласман во Лига на шампиони.

Турска голманска лакрдија

Мечот меѓу Коџаелиспор и Алтинорду во турската втора лига заврши 2-2. Гостите имаа три бода во џеб со кои ќе избегаа уште повеќе од зоната за испаѓање, но домаќините на кои исто им гори под нозе се спасија во 86’ минута. Поточно на стрелецот на голот Димитрис Коловос многу му помогна гостинскиот голман Али Емре Јанар.

Рики и Адеми грмеа во ритам со ултрасите

Динамо Загреб го доби дербито на колото во Хрватска против Осијек и на две кола до крај има +4 пред второпласираниот Хајдук Сплит. Титулата им е на дофат.

Најчудното додавање на колото го има Тео Хернандез

Тео Хернандез е дефинитивно еден од најдобрите и најкорисни леви бекови на денешницава. Ај што е ефикасен и има 19 гола откако е дојден, туку е и пробивен, шутира добро слободни, а прави и штосови сред игра, како овој пас.

Журката на Трабзонспор за титулата е прослава број 1 на сезоната

Имаме ново видео од незаборавната прослава на Трабзонспор кои по 38 години се радуваат на шампионската титула во Турција. Велат дека во Истанбул на славјето биле меѓу 250.000 и 300.000 навивачи. Врвно.

То бе мајсторе, покажи му на светот како се игра сам пред гол

Селски босански фудбал со фантазија од завршница. Е ова е 9-ка со убиствен инстинкт за гол. Ја искина мрежата.

Навивачка на Манчестер Јунајтед не го пушта Кавани да си оди

Авантурата на Единсон Кавани во Манчестер Јунајтед завршува сезонава, а со оглед на тоа што во последните две кола црвените ѓаволи играат на гости, тоа значи мечот против Брентфорд му беше последен на Олд Трафорд. Девојчево многу емотивно се збогуваше со него и да може би му го продолжила договорот.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух и навивачите на Вест Хем

Навивачите на Вест Хем, на гостувањето во Франкфурт во Лига Европа начекаа венчавка. Младоженците очигледно дека ќе имаат доста весел албум со слики.

Бајаги глуп навивач на Рома

Во пресрет на полуфиналето меѓу Рома и Лестер, фати да ги пцуе гостинските навивачи кои беа во автобус. Да го видиме крајот.

Даваш изјава пред Бернабеу и Реал ја врти

Едно од најсимпатичните видеа после лудачкиот кам бек на Реал Мадрид против Сити. Зошто си отидовте порано од стадион? Со ќерка ми сум и не сакав да биде тажна. Ама сигурен дека ќе ја свртат.

Дивјачки однос на навивачите на Олимпик Марсеј кои се изживуваа врз гостите од Феенорд

На неизвесните возбудливи полуфинални битки во Лига Европа и Конференциската лига, имаше полни раце работа за полицијата, особено во Марсеј кој беше дома елиминиран од Феенорд. Француските хулигани се однесуваа како да излегле од пештера.

Лудилото во Франкфурт кои слават пласман во европско финале по пауза од 42 години

Навивачите на Ајнтрахт кои одат на гостувања во бројка, колку Кавадарци што има жители, конечно дочекаа нешто што го заслужуваат со оглед на чопоративната страствена верна поддршка по која се рекордери во Европа.

Мојс го загуби паметот, го рогаше детето што собира топки

Вест Хем се соочи со елиминација во полуфиналето од ЛЕ со вкупни 3:1 од Ајнтрахт Франкфурт, а најголемиот срам на мечот го изеде Дејвид Мојс, кој фрустрациите му ги истури на детето што собира топки. Судијата веднаш му го покажа патот кон соблекувалната, a Шкотланѓанецот се извини после мечот.