Германска фудбалска култура пуштена на најјако

После тетовската лакрдија на дербито, нè удри културен шок. Ние сме сериозно многу светлосни години назад. Па ова е тешко да се процесуира од што е неверојатно.

Во претпоследното коло во Бундеслигата, Ајнтрахт Франкфурт го играше последниот меч сезонава пред своите навивачи.

Гостин им беше Борусија Менхенгладбах со кој одиграа 1:1. Во 66-та минута Португалецот Гонзало Пасиенсиа даде гол за воодушевување и еден од најубавите сезонава во Германија.

Но таква бомба сме виделе и друг, а ова што може да се забележи на трибина е уникатно и до сега незабележано. Пратете ни линк во инбокс слободно ако знаете друг ваков случај. Сериозни сме.

Внимавајте добро: Навивачите на Ајнтрахт испратија редат во пензија. Да, редар или член на обезбедувањето, како сакате. Со сликање, со аплаузи, со банер. Со сите нишани.

Кај нас добар ден не им викаат.

Ние викендов на пример имавме дерби на кое гостинските навивачи ги сопреа на патарина, играчите ги нападаа пред стадион, па ги гаѓаа со камења на стадион, па погодија и гостински играч и линиски судија и на крај играчите се тепаа меѓу себе.

Да другари, ова се вика спортски културен шок.

Шкендија - Шкупи, дива лига

Лудилото во Франкфурт кои слават пласман во европско финале по пауза од 42 години

9 мај 2022 - 13:21