Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.
Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Монако 81:70 во големото финале на Фајнал Фор од Евролигата кое се играше во Абу Даби. По драматично тесен резултат, во финишот екипата предводена од Јасикевичиус од клупата и Марко Гудуриќ на теренот, ја освои европската титула.
Конечниот изглед на табелата во хрватската прва лига изгледа вака: 1. Ријека 65, 2. Динамо 65, 3. Хајдук 63. Овој навивач на Динамо Загреб не тагува што неговите не станаа прваци, туку се радува што Хајдук не е на тронот, а не е точно 20 години.
„Браво претседателе!“, „Секоја чест Папастаматис!“, „Вака се брани честа и достоинството“ се најголем дел од коментарите на друштвените мрежи во Грција, на веста дека АЕК реши да не излезе на терен на реванш мечот со Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп во Скопје.
Во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот Куп, на крајот од март АЕК претходно играше со белградски Партизан. Првиот натпревар во Атина го одбележаа невидени сцени кога на теренот летаа топовски удари, петарди и бакљи насочени кон играчите на Партизан. На реваншот ракометарите на АЕК се повлекоа од терен и реваншот се одигра во Бугарија.
Ристо Шиц, најпрепознатливата легенда од нашите трибини, повика еден од играчите на АЕК за да се сликаат. Ама пазете со кое знаме. Да се вратиме на насловот, може?
Алкалоид се огласи со кусо соопштение после невидената фарса која им се случи во Борис Трајковски со АЕК Атина. И се заблагодарија на публиката и соопштија дека се во комуникација со ЕХФ за понатамошниот исход од дуелот.
Во најскапиот натпревар на светот, вреден 220 милиони фунти, во финалето на баражот за пласман во Премиер лига, Сандерленд го совлада Шефилд Јунајтед 2-1 после пресврт. „Црните мачки“ славеа со погодок во последните секунди од мечот кога навивачите излудеа од радост на преполниот „Вембли“.
Најдобриот спортист на Македонија за 2024-та година, кик-боксерот Бобан Илиоски успеа да ја одбрани светската титула откако во Женева го совлада Французинот Кадри Мурсели.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со триумф на реномираниот турнир во Женева стигна до златната 100-ка на АТП турнирите и дополнително му се приближи на Роџер Федерер на вечната листа.
Ако Манчестер Јунајтед и Тотенхем се најголеми разочарувања на сезоната во Премиер лига, тоа може да се каже за Милан во Серија А. Седумкратниот европски шампион е паднат на ниски гранки со управата предводена од Американецот Гери Кардинале кој ретко се врти во клубот и постојано е во САД. Милан завршува уште една сезона за заборав, една од ретките во која остана без еврокупови за следната сезона. Катастрофа.
Интер Мајами продолжува да игра топло-ладно во новата сезона од МЛС лигата во САД. На гостувањето кај Филаделфија се изборија за реми 3:3 со гол дури во 90+5' минута од мечот. Претходно Лионел Меси намали на 2-3 во 87-ма минута со прекрасен гол во негов стил од слободен удар.
Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс убедливо со 143:101 ја совладаа Оклахома Сити Тандер во 3-от натпревар од финалето на Западната конференција и намалија на 2-1 во серијата.
Со двата гола на Мбапе, Реал Мадрид го совлада Реал Сосиедад 2:0 и ја заврши сезоната на втората позиција. Емотивно збогување со Карло Анчелоти, Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Се знаеше дека тој што ќе ја добие англиската битка во финалето од ЛЕ, ќе ја спаси сезоната, а нивните навивачи ќе имаат право да дигаат чалам. Другите за греота.
Некогашниот бразилски репрезентативец и легендарен фудбалер на Ливерпул и Барселона, Кутињо пред извесно време се врати во својата татковина. Игра за Васко Да Гама. Додека давал интервју за клупската телевизија, во позадина се слушале рафали. Тој се насмеал како да е нешто секојдневно.
Легенда е недоволен опис за него. Тој е симбол и икона на Рома, а го нарекуваат и принцот од Рим. 25 години во еден ист дрес, а можеше да оди во Реал. Верност каква што денеска не постои во фудбалот. Цел Олимпико плачеше на тој 28 мај 2017-та. Да, треба да снимат филм.
Фотографијата е од пред 3 години, кога Флик беше селектор на Германија. Веројатно ќе го препознаете тој со капчето. Се работи за струмичанецот Наце Митев, кој редовно ја бодри Македонија во повеќе спортови и патува на гостувања низ Европа. Голем навивач е и на Барселона. Чаршијата зборува дека на оваа средба почнале првите контакти за преселба на Камп Ноу :).
Наполи успеа да се избори со големиот притисок, го совлада Каљари со 2-0 во последното коло од Серија А и го освои шампионското скудето. Преку 60.000 навивачи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и стотици илјади на плоштадите ширум градот на морето во екстаза од славје.
Во Неапол се славеле големи победи и титули, сјајни голови на Диего Армандо Марадона, но масовна прослава на шампионско скудето како вечерва не се памети! Во последното коло од Серија А вечерва Наполи со 2-0 го совлада Каљари и го сочува првото место пред Интер кој гостуваше кај Комо и исто победи со 0-2.
На Фајнал Форот во Евролига кој првпат се игра во Абу Даби, кошаркарите на Фенербахче го урнаа европскиот првак Панатинаикос 82:76, а Монако со легендарниот Василис Спанулис од клупата му одржа лекција на Олимпијакос 78:68.