Имате 2.500 фунти од мене, што пие цела кафана

Убавите приказни се во помалите клубови. Иако сепак зборуваме за премиерлигаш. Со ваков маалски и мангупски потег, во секунда се влегува под кожа на навивачите.

Лидс Јунајтед со победа над Евертон од 1:0 го стартуваше кам бекот во Премиер лигата. Стрелец на голот е Лукас Нмеча, а прав победник во очите на навивачите е Џек Харисон.

Крилниот напаѓач, кој се врати во Лидс откако две сезони настапуваше за Евертон, ги частел навивачите пиво.

Пред понеделничкиот меч, Харисон оставил 2.500 фунти (скоро 3.000 евра) во еден бар во центарот на градот, за секој навивач на Лидс што ќе влезе внатре, да се напие нешто од него.

„Мислам дека го одбра нашит паб бидејќи сме полни со вистински тврдокорни навивачи кои доаѓаат тука на секој натпревар. Беше многу самоуверен и зборуваше многу страсно за вечерашниот натпревар. Беше прекрасен, навистина љубезен. Не се чувствуваше непријатно на никаков начин“, вели газдарицата Клер

Парите што Харисон ги оставил на шанк оделе на сметка на барот од 15 часот на натаму и првите 160 навивачи кои ќе се појавеле, ќе можеле да добијат еден бесплатен пијалок, без разлика дали е пиво, вино или жестоко.

И не само тоа. 28 годишниот фудбалер оставил пари и во добротворни цели.

„Џек нè повика на пат кон стадион. Тој направи многу со нас во минатото во однос на донациите за локалните добротворни организации. Значи, имаме некаква историја со него“, вели Клер.

21 август 2025 - 09:29