Offside

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа полуфинале во Лига на шампиони од соништата со резултат 5:4, па дури и можеа да бидат и повеќе со оглед на шансите. Домаќините на полувреме имаа 3:2, а потоа и 5:2, но Баерн се избори за поголема неизвесност пред реваншот. Кварацхелија и Дембеле постигнаа по два гола, Невес еден. За гостите погодија Кејн, Олисе, Упамекано и Диаз.

Чудесната Словенка Ника Превц постави нов светски рекорд!

Деветнаесет годишната словенечка натпреварувачка во скијачки скокови која неодамна по втор пат стана светски шампион, денес постави нов рекорд во женска категорија во скијачки скокови во Викерсунд, Норвешка.

Црвен картон вреден повеќе од 20 милиони евра

Синоќа во Пиреја Олимпијакос играше реванш натпревар од осминафинале на Лига конференции против норвешкиот Бодо/Глимт. Грчкиот тим славеше победа 2:1 која иако недоволна за пласман во следната фаза, сепак најверојатно ќе им го донесе многу посакуваниот директен пласман во Лига на шампиони следната сезона.

Аман бре Медо, не си освоил Вимблдон

Ексцентричниот руски тенисер Данил Медведев го совладал 20-от тенисер на светската ранг листа Артур Филс од Франција во четвртфиналето на Индијан Велс (САД) со 6:4, 2:6 и 7:6 па победата ја прославил со урлање и скокање како никогаш досега во кариерата.

Почнува нова сезона во Формула 1 - најнеизвесна во последните години

На 16-ти март во Австралија ќе се вози првата трка во Формула 1 со што ќе се означи почеток на сезоната во најбогатиот и најпознатиот патувачки циркус. Новата сезона ветува една од најнеизвесните борби за титулата.

Тие пееле „пумпај“ за протести, тренерот на Црвена Звезда слушнал „Дубаи“

Пред крајот на првата четвртина од мечот Црвена звезда - Армани Милано, дел од гледалиштето во белградска Арена почнала да скандира „пумпај“, слоган што стана синоним за студентските протести против властите ширум Србија. После мечот, револтиран од тесниот пораз на црвено-белите, грчкиот тренер Јанис Сферопулос, тотално несвојствено викал: „Каков Дубаи!? Ние немаме уште победа во плејоф?! Каков Дубаи?!“

Апсена маскотата на Реал Сосиедад во Манчестер

Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад одиграа натпревар кој ќе се памети по други 3 досудени пенали од кои 2 за домаќините. Бруно Фернандеш постигна хет-трик. Сосиедад играше со играч помалку поради црвениот картон на Арамбуру. А маскотата на Баскијците, Чундру, била „приведувана“ пред мечот на „Олд Трафорд“.

Нови голови на Меси и Суарез, први во Јамајка во кариерата

Најдобрите другари уште од времето на сјајните денови на Барселона, Уругваецот Суарез и Аргентинецот Меси постигнаа по гол во победата на нивниот Интер Мајами 0-2 на гости кај екипата на Кавалие во Јамајка.

Се прошири скандалот со норвешките скијачи и лажирање со опремата

Скандалот со норвешката репрезентација во скијачки скокови се проширува, затоа што уште тројца скијачи се суспендирани откако било утврдено дека и ним им се пришивале дополнителни аеродинамични делови на опремата со цел полесно да се одржуваат во воздух при скоковите и да остварат подобри резултати.

Познати се сите парови за 1/4 финале во Лига Европа и Лига Конференции

Со претходната ждрепка во Нион во седиштето на УЕФА, беа однапред познати евентуалните парови во четвртфинале за ЛЕ и ЛК кои се потврдија синоќа. Полека се стеснува кругот на фаворити за пехарите.

Дури три пенали на дуелот Манчестер Јунајтед - Реал Сосиедад

Манчестер Јунајтед се пласираше во четвртфинале на Лига Европа откако синоќа со 4-1 го совлада Реал Сосиедад на реваншот. По ремито 1-1 на првиот меч, англискиот претставник синоќа славеше со хет-трик на Бруно Фернандеш кој даде два гола од пенал, а од пенал погодок постигнаа и гостите ко играа со играч помалку од 63' минута.

Стеф Кари стигна до бројката од 4.000 постигнати тројки во кариера

Уште една ноќ која сигурно ќе влезе во идните документирани филмови, серии за неверојатниот шутер Стеф Кари. Повеќекратниот НБА шампион и МВП добитник синоќа во победата на неговиот Голден Стејт Вориорс над Сакраменто стигна до нов рекорд.

Фантастична партија на Лука Дончиќ, но Лејкерс изгубија

Милвоки Бакс го совлада ЛА Лејкерс 126:106 во ноќта меѓу четврток и петок а овој натпревар немаше голема неизвесност зошто од самиот старт некогашниот шампион наметна свое темпо и само ја зголемуваше предноста. Лука Дончиќ постави свој личен рекорд откако е во дресот на ЛА Лејкерс.

Губиш 3 разлика на 4 секунди до крај, што ти останува?

Индијана Пејсерс и Милвоки Бакс одиграа спектакуларен натпревар синоќа во НБА. На крајот Милвоки Бакс имаше предност од 3 поени на 4 секунди пред крајот а Индијана имаше последен напад. Акцијата им беше нацртана за нивниот лидер, 25-годишниот Тајрис Халибартон кој погоди неверојатна тројка и тоа под фаул за дополнително слободно фрлање од Јанис Антетокумбо.

Денвер пак изгуби од Минесота, Јокиќ пак заби за публика

Никола Јокиќ постигна 34 поени со осум скока и четири асистенции и повторно немаше голема поддршка од своите соиграчи. Денвер Нагетс изгуби 115-95 на свој терен од Минесота Тимберувлс, екипа која трет пат по ред ги совладува Нагетс кои ги елиминираше и лани од плејофот. Ентони Едвардс со 29 поени, четири скока и шест асистенции беше најефикасен кај Минесота, Џулиус Рандл даде 25 поени, а Руди Гобер имаше дабл-дабл со 11 поени и 10 скока.

Центарски џудо зафат во НБА

За време на дуелот меѓу Хјустон Рокетс и Феникс Санс кој „ракетите“ го добија 111-104, гостинскиот кошаркар Мејсон Пламли во еден момент се фати со Стивен Адамс под обрачот. По кратка вербална расправија двајцата се дофатија и паднаа на паркетот каде соиграчите брзо ги разделија.

Лизгањето на Алварез не е прв ни последен поништен пенал

Легендарниот аргентински напаѓач од Бока, Мартин Палермо, па после Виља, Увита Фернандез, Рожер Мартинез, Пабло Солари се само некои од фудбалерите во Латинска Америка на кои им се случило исто што и на Хулиан Алварез на пеналите против Реал Мадрид. Се лизнуваат и имаат двоен контакт со топката што според правилникот е поништен пенал.

Од каде па сега овие тука на туѓ натпревар?

Навивачите на ПСВ Ајндховен уживале претходните 2-3 дена во Лондон. Таму отпатуваа на формалниот реванш меч против Арсенал во Лига на шампиони, формален затоа што првиот го изгубија дома со рекордни 1-7 па немаше што да бараат. Ама нашле забава. Биле и на еден четвртолигашки натпревар меѓу Вимблдон и Челтенам во англискиот фудбал каде ги збуниле присутните.

Голман ко ќе згреши - згрешено е

Во втората рунда од Купот на Бразил синоќа Гремио одиграл 3:3 на гости кај второлигашот Атлетик (МГ). Домашниот голман Жоао Лукас во последни секунди од натпреварот додека воделе 3:2, во 90+4' минута од судиско продолжение направил тежок кикс и примил неверојатен гол за 3:3. На пенали подоцна Гремио славел 7-8 и отишол во трето коло.

Познати се сите парови во четвртфинале на Лига на шампиони

По големи битки во осминафиналето, конечно се знае кој против кого ќе вкрсти копја и во четвртфиналето кои ќе се играат на 8-ми и 9-ти април со реванши на 15-ти и 16-ти април.

Зошто му беше поништен пеналот на Хулиан Алварез?

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа уште една јака битка која долго ќе се раскажува. Домаќинот даде гол уште во 27-ма секунда, еден од најбрзите во историјата на еврокуповите и ја надомести веднаш негативата од првиот меч (2:1). Винисиус промаши пенал за израмнување во 70-та минута, и тој резултат 1:0 стоеше дури до и по продолженијата па се премина на пенали. А таму Хулиан Алварез постигна гол но на ВАР се утврди дека при падот кога се лизнал имал два контакти со топката и неговиот погодок беше поништен.

Реал царува во Мадрид, пеналите кобни за Атлетико!

Познати се сите четвртфиналисти во Лига на шампиони откако вечерва се одиграа реванш дуелите од осминафиналните средби. Арсенал по историските 1-7 кај ПСВ, дома одигра 2-2 и со вкупни 9-3 оди понатаму. Атлетико Мадрид и Реал Мадрид решаваа на пенали а „кралевите“ ги изведуваа поспретно. Борусија го совлада Лил на гости и обезбеди четвртфинале, а Асенсио ја одведе Астон Вила на тоа место.

Очајниот пенал на Винисиус кој се посрамоти

Атлетико Мадрид ја надомести негативата од еден гол против Реал Мадрид уште во 27-ма секунда од реваншот кога Конор Галахер погоди за 1-0. Во 70-та минута Реал Мадрид доби пенал а го промаши Винисиус кој шутираше далеку над голот.

Врвниот цепелин на Кузманоски-Костески

Македонската репрезентација не успеа да го сочува до крај водството од првиот дел против Словенија и на крајот изгуби убедливо 26-32 во натпревар од квалификациите за Европско првенство 2026. Момците на селекторот Кире Лазаров во одредени моменти покажаа дека одличните партии од Светското првенство не биле случајност.

Словенија сепак пресилна за Македонија, „змајчеки“ победија во Скопје

Пред преполни трибини на домашен терен во Скопје, македонската ракометна репрезентација вечерва имаше одличен прв и очаен втор дел од квалификацискиот дуел за Евро 2026 против Словенија. На крајот конечни 26-32 за „змајчеки“ кои покажаа зошто важат за ракометна велесила.