Offside

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа полуфинале во Лига на шампиони од соништата со резултат 5:4, па дури и можеа да бидат и повеќе со оглед на шансите. Домаќините на полувреме имаа 3:2, а потоа и 5:2, но Баерн се избори за поголема неизвесност пред реваншот. Кварацхелија и Дембеле постигнаа по два гола, Невес еден. За гостите погодија Кејн, Олисе, Упамекано и Диаз.

Куп светски медиуми известија за загинатиот македонски фудбалер, нарекувајќи го херој

И во најпознатите спортски весници и портали ширум светот, овие две дена за жал сме застапени поради трагедијата во Кочани. Пишуваат за фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров кој во обид да спаси млади животи во дискотеката Пулс, не успеа да преживее.

Невиден гол во Чиле од 50 метри

Мајсторот се вика Аугусто Бариос и игра за Сан Маркос, втора лига Чиле. Тунел, па лоб од паркинг. Пеле нема направено вакво нешто во Јужна Америка.

Обединети во тагата

„Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите. Нивниот светол дух ќе живее во нас. Нека почиваат во мир“, Македонска А репрезентација.

Баерн собра многу легенди и ветерани кои правеа шоу на мал фудбал

Баерн Минхен организираше турнир на многу легенди по повод јубилејните 125 години од основање на баварскиот гигнат. Во „САП Гарден“ модерната сала во Баварија се собрале многу поранешни и сегашни ѕвезди кои играа за Баерн Минхен, Милан, Реал Мадрид, Ајакс, Борусија Дортмунд и Штутгарт. До финале стигнале Баерн Минхен и Реал Мадрид а трофејот бил наречен „Бекенбауер Куп“.

Во Бугарија минута молк за жив човек

Пред неделниот натпревар меѓу Арда Карџали и Левски Софија во бугарската Прва лига, двата тима застанале гушнати на средина од теренот за да со минута молк му оддадат почит на Петко Ганчев. Се испоставило дека човекот е жив а домашниот клуб се огласил и се извинил поради погрешната вест која што ја добиле.

Рики нуди помош за семејствата дојдени во Загреб

Поранешниот капитен на Македонија Стефан Ристовски, кој од 2021-ва е член на Динамо Загреб, доколку им е потребна, им нуди било каква помош на семејствата на повредените кои се испратени на лекување во Загреб.

Во Вадуз да нема навивање

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги стартува подготовките за новиот квалификациски циклус за СП 2026. ФФМ ги сведе медиумските активности на минимум, а навивачите најавуваат мирно следење на мечот.

Дончиќ се врати и го врати Лејкерс на победнички пат

Суперѕвездата на ЛА Лејкерс се врати на паркетите откако пропушти еден натпревар поради повреда, и одново го носеше својот тим до важна победа, овојпат против Феникс Санс на Кевин Дурент и Букер.

Рамос уште тера по свое, исклучен во 92-ра минута

Во мексиканската лига, за време на мечот меѓу Пумас УНАМ и Монтереј кој гостите го добиле 1-3 (стрелец били некогашниот најголем шпански талент Серхио Каналес), неговиот постар истоименик Рамос кој беше капитен на Реал Мадрид, добил црвен картон во 90+2' минута поради груб прекршок врз 20-годишен противнички играч.

Гатузо се испокара во живо со коментаторот

Хајдук Сплит загуби дома од Ријека со 0:3, а по мечот Џенаро Гатузо фати да се расправа со еден од стручните коментатори, на кој му забележа дека многу зборувал. Италијанскиот стратег и хрватскиот коментатор фатија да се објаснуваат на шпански.

Лобовите на Меси се нешто посебно

Интер Мајами ја слави третата победа во низа во 4. коло од МЛС лигата, откако ја совлада Атланта Јунајтед со 1:2. Одиме веднаш со главното. Прво ја краде, па легнува играч на газ, а потоа го вади од колосек и голманот. Гол број 854 во неговата недостижна кариера.

12 часа пред трагедијата, Лазаров се прекрсти и влезе во игра против Пелистер

Шкупи го пречека Пелистер во саботата од 15 часот и загуби 0:1, а во 61-та минута во игра влезе Андреј Лазаров. 25 годишниот фудбалер загина во страшниот пожар во Кочани кој се случи ноќта, во обид да спаси млади луѓе.

Инстаграмот на Ѓоковиќ во знакот на трагедијата во Македонија

Кочани и Македонија станаа светска вест на многу грд начин. Освен наши спортисти кои се огласија, а некои понудија и помош за семејствата на настрадите, сочуство изрази и тенискиот ас Новак Ѓоковиќ.

Трапановски даде гол и го посвети на жрвите од големата трагедија во Кочани

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Трапановски во 49-та минута од шкотското дерби Данди Јунајтед - Данди постигна погодок и со кренати раце кон небото го посвети на настраданите во страшната трагедија во Кочани. Трапановски носеше и црн флор на својот дрес.

Поранешниот фудбалер Милан Стојаноски нуди сместување во Белград за семејствата на повредените

Поранешниот македонски репрезентативец и фудбалер на Партизан, Милан Стојаноски кој живее во Белград, се понудил јавно за каква било помош за фамилиите на сите оние повредени кои се префрлени во Белград за натамошно лекување.

Пораз на Македонија во најневажниот натпревар

По поразот во Скопје, најдобрите македонските ракометари вечерва загубија од Словенија и во Копер, 38-27, во четвртото коло од квалификациите за Европското првенство во натпревар кој воопшто не требаше да се игра. Македонската ракометна федерација побарала од ЕХФ одложување на мечот поради трагедијата во Кочани, но оттаму одбиле.

Македонските ракометари и навивачи најтешко во живот ја испеаа химната

Македонската ракометна федерација денес упатила барање до ЕХФ за одложување на натпреварот против Словенија во рамки од квалификациите за Европско првенство 2026 поради незапаметената стравична трагедија во Кочани, но ЕХФ го одбила барањето. Според правилникот македонските ракометари би можеле да бидат исфрлени од квалификациите доколку не се појавеа на паркетот, а федерацијата казнета.

Мајсторските потези на генијалниот Педри

Го сметаат за наследник на великиот Андрес Иниеста, а шпанскиот репрезентативец Педри кој веќе има неколку трофеи зад себе, го оправдува тоа.

Ландо Норис победи во Австралија на старт на сезоната во Формула 1

На трката за Големата награда на Австралија на која имаше буквално се, после два часа хаос во Мелбурн, возачот на Мекларен Ландо Норис ја забележа првата победа на првата трка во Ф1 во 2025.

КР7 - 928

Во 25. коло од саудиската лига, Ал Наср со 3-1 го совладал Ал Холудин. 40-годишниот Каристијано Роналдо го постигнал првиот погодок на мечот, уште во 4-та минута. После него стрелале и Садио Мане и Џон Дуран. Ова беше 928. гол за Португалецот во кариерата и се ближи до неверојатната бројка од 1.000 погодоци на официјални натпревари.

Најдобрите 5 фудбалери на светот според Алкараз

Младиот 21-годишен шпански тенисер, еден од најдобрите на светот, деновиве игра на Мастерсот Индијан Велс. Алкараз вечерва го чека полуфинале против Британецот Џејсон Дрејпер. Во меѓувреме го прашале да ги наброи Топ-5 фудбалерите во светот. Едно име свесно или несвесно заборава.

Автобуска средба на лути ривали со среќен крај

Во навивачкиот свет неретко се случува две закрвени ривалски групи сосема случајно да се сретнат некаде на автопат и таму да поминат со страшни последици. Во Бразил и во Аргентина таквите средби завршуваат и со жртви. Сега во Англија на автопат се сретнале автобус со навивачи на Њукасл кои оделе за Лондон за финалето на Лига Купот против  Ливерпул и навивачи на Сандерленд кои оделе на натпреварот со Ковентри. За среќа сè поминало со „ќе видиш ти“.

Денвер и Јокиќ посилни од Лејкерс без Леброн и Дончиќ

Во дербито на вечерта во НБА, Денвер Нагетс го совлада ЛА Лејкерс 131:126 во натпревар на кој не играа најголемите ѕвезди на Лејкерс Леброн Џејмс и Лука Дончиќ кои отсуствуваа поради повреди.