Offside

Реал Мадрид ја доби Севиља убедливо со 4:1 и остана на -1 од Атлетико и -6 од Барса. Резултатот го отвори Гулер со голчиште во 30 минута, а 7 минути подоцна Килијан го дуплираше водството со велемајсторија за најавни шпици. Мбапе во второ постигна и гол од пенал, а убав гол даде и Диоманде.

Што е со пасов и бројките на Кејн?

Статистичарите на Баерн и Бундеслигата, имаат и допрва ќе имаат полни раце работа со Хари Кејн. Преклани го купија, а му фалат уште два гола за јубилејни 100. Страшно нешто.

Има ли награда за најубав автогол?

На натпреварот Монако - Мец домаќините победија 5-2 а еден од головите беше автогол на гостинскиот играч Кофи Куае. Да пробува пак не може пак да ја чушне така топката. И на дуелот Еибар - Реал Сосиедад Б кој заврши 2-1, гостинскиот фудбалер Џон Балда си дал ефектен автогол.

Е така е обично пред дерби

Навивач на Рома очигледно ја згрешил улицата и влетал во погрешна зона во очи на римското дерби. Се играше во глупав термин од 12:30, за да се избегнат навечер инциденти. Но Рим е голем и невозможно е полицијата да има контрола насекаде.

Мурињо: „Ниту еден клуб не ме возбудил вака“

62-годишниот легендарен тренер се врати во својата Португалија. Тој во 2000-та година краток период бил тренер на Бенфика кога ги водел на 11 натпревари но кога се сменила управата и дошла нова, и тој добил отказ. Сега после цели 25 години се враќа на „Луж“. „Моето ветување е дека јас ќе живеам за Бенфика, моја животна мисија. Ова е гигант од клуб“, рекол Жозе на претставување.

Драматичниот дождлив финиш на Боцвана на 4х400 вреден сензација

Ја гледавте ли машката штафета на Светското првенство во атлетика во Токио? Еден води, втор напаѓа, а трет победи. Државен празник им прогласи Претседателот на државата.

Барселона се пофали со реновираниот Камп Ноу

Навивачите на Барса трпеливо чекаат нивниот дом да биде освежен, уреден и да може пак да се вратат на „Камп Ноу“. Легендарниот стадион се реновира а се одложија неколку датуми за отворање. Сега последна вест е дека Барса ќе заигра таму во неделиве кои доаѓаат: дали против Реал Сосиедад во Ла Лига, дали против Џирона на 18-ти октомври... Со делумно отворање на трибини не на цел стадион поради безбедност.

Кога Левандовски постигна 5 гола за 9 минути за Баерн

На денешен ден пред 10 години, на 22-ри септември 2015-та, полскиот центарфор Левандовски во дрес на Баерн на дуел против Волфсбург во германската Бундеслига постигна 5 комада во рок од 51' минута до 60-та. А пазете: на полувреме гостите водеа 0-1 и имаа 100% шанса за дуплирање на предноста.

Необична сцена со Пеп и четвртиот судија

Гвардиола знае да изненади и да биде комедии и на прес и на натпревар. Не му беше баш пријатно на судијата и гледаше што побрзо да му ја кидне.

Британски фудбалски хумор

Мајтапот што го тераат по британските стадиони го нема никаде на друго место. Хумор на највисоко ниво.

Терен потоп, судија вика играј

Натпреварот од фудбалската лига на Хонг Конг меѓу Ковлун Сити и Шам Шуи По си терал како да на теренот немало обилен дожд, град и грмотевици пратени со силно невреме. Вакви услови за фудбал имало и во саботата на дуелот Блекбурн Роверс - Ипсвич Таун па судијата и делегатите го одложиле.

Наградата за глума на годината оди кај Матео Гендузи

Фудбалерот од средниот ред на Лацио Гендузи на градското дерби со Рома добил црвен картон надвор од теренот по крајот од натпреварот. А претходно играше на терен и се посрамоти со еден обид да изглуми фаул.

Маркус Рашфорд во Јап Стам издание

Барселона го совлада Хетафе со 3:0. Рашфорд му асистираше на Олмо за третиот гол, а во еден момент демонстрираше и страшна желба и способност за игра во одбрана и тоа на добиен меч, на 5 минути до крај.

Шах-мат акција во три потези на Барса

Со двата гола на Феран Торес во прво и еден на Дани Олмо во второ полувреме, Барселона лесно се справи со Хетафе (3:0). Го издвојуваме првиот гол на мечот режиран од триото Рафиња - Олмо - Торес. Фантазија и атракција во три потези.

Два километарски роденденски спектакл на Чкембари

Битола синоќа сјаеше во боите на Пелистер. Навивачката група Чкембари прослави 40 години од своето постоење. Шоуто се одвиваше покрај реката Драгор со пиротехничко шоу во должина од 2 км.

Лудачки лоб и перфекција од волеј на Алкараз

Тенискиот Лејвер Куп е забава за гледачите во Сан Франциско, каде тимот на светот трета година по ред слави против тимот на Европа. Атракцијата број 1 на мечот ја имаше Карлос Алкараз на кој му се поклонија за поенов.

„Строј, а не број!“

Вардар и Работнички го одиграа јубилејното скопско дерби број 100. Славеа црвено-црните со 3:1, а главната улога на Градски ја имаа Комити кои блеснаа со нова, досега невидена кореографија во мак фудбалот. Го формираа бројот 1987-ма, годината во која се формирани како навивачка група со парола: „Строј, а не број!“.

Шмекерско лобче на Мартинели за голем бод на Арсенал

Имаа Манчестер Сити и Пеп Гвардиола водство на тешкото гостување кај Арсенал од 9-та до 93-та минута но на крај „топџиите“ спасија бод. Нововлезениот резервист Габриел Мартинели влезе во 83' минута а во 90+3' во судиско продолжение постигна прекрасен гол за поделба на бодовите.

Рома владее со Рим, „волчицата“ го победи Лацио

Рома го победи Лацио кој беше номинален домаќин попладнево на „Олимпико“ во Рим во првото римско вечно дерби играно во таков необичен термин од 12:30 часот. Рома славеше 0:1 со гол на капитенот Лоренцо Пелегрини кој прецизно шутираше од далечина во 38' минута на додавање на Матијас Суле. Во финишот на мечот фудбалерите на Лацио ги изгубија нервите па заслужено добија два црвени картони во рок од десет минути, прво Балајан а после Матео Гендузи надвор од теренот.

Голчиште на Мбапе, ама на Милитао е уште појако

Реал Мадрид славеше против Еспањол со 2:0 (без пенал) и со тоа го одржа перфектниот скор кој сега им е 5 од 5. Килијан Мбапе и Едер Милитао се отворија од далеку, посебно Бразилецот кој испрати проектил за сите пари.

Се запали македонската гол машина во Ренџерс

Бојан Миовски ја начна мрежата во дресот на Глазгов Ренџерс. Македонскиот напаѓач се израдува на деби голот за шкотскиот гигант на мечот против Хиберниан, во четвртфиналето од Лига купот кој заврши 2:0.

Бошко Ѓуровски се онесвести за време на комеморативен говор на Маракана

Во просториите на стадионот на Црвена звезда „Рајко Митиќ“ за време на комеморацијата за прерано починатиот некогашен капитен на Звезда Дејан Миловановиќ, на Бошко Ѓуровски му се слоши и ненадејно падна на подиумот. Сите присутни брзо реагираа а српските медиуми пренесуваат дека тој е добро и дека се опоравил.

Клоп се изнасмеа со дете кое навива за Манчестер

Легендарниот германски тренер на еден јавен настан каде бил гостин разговарал со деца фудбалери. Кога едно дете му кажало дека навива за Манчестер Јунајтед, Клоп се изнасмеал и му рекол: „Па ти бре шест години гледаш сра*е фудбал!“

Рацете потни кога сфати дека ќе го запознае Федерер

Жоао Фонсека е тенисер од Бразил, роден 2006-та, година во која неговиот идол Роџер Федерер го славеше четвртиот Гренд слем на Вимблдон по ред. Возбудата дека за прв пат ќе се сретне со него му ја кажа уште одма.

Најоткачениот голман се наоѓа во Индонезија

Мануел Ноер е познат по тоа што сака да води топка до центар. На Рожерио Сени слабост му беа головите. Овој има некоја трета жичка.