
Кејн на гостувањето против Хофенхајм овој викенд запиша нов хет-трик и тоа втор за оваа сезона, а десетти откако игра за Баерн.
И сега пазете го податокот: Има 8 гола на 4 првенствени средби или вкупно 13 на сите 7 настапи.
Неговите рекордни продолжуваат да се менуваат од коло во коло. Му беа потребни само 67 настапи за Баерн, за да стигне до 70 гола во Бундеслигата со што стана најбрз играч кој го сторил тоа во историјата на лигата.
Ако во петок даде два гола против Вердер, ќе стане и најбрз играч кој стигнал до 100 гола за еден клуб и тоа во историјата на топ 5 лигите.
17 – Harry Kane is the first player in Bundesliga history to convert all of his first 17 penalties. Fridge. pic.twitter.com/hgvmifUZ20
— OptaFranz (@OptaFranz) September 20, 2025
Тој рекорд во моментов го делат Роналдо и Халанд, кои постигнаа по 100 гола на првите 105 средби за Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Уште нешто. Хари Кејн е прв играч во германскиот фудбал со 17 реализирани пенали, без ниту една утка.
Печатот не штеди зборови и прогнози за англиската гол машина и некои пишуваат дека сезонава не му бегаат 50 гола, како и фаворитска улога за Златната топка 2026-та.
Уште еднаш да прашаме. Што е со пасов?