Offside

На стадионот „Сокер Сити“ во Јоханезбург, во Јужна Африка на 11. јули 2010-та година се одигра големото финале Холандија - Шпанија. Шпанците победија 1-0 со гол на Андрес Иниеста длабоко во продолженијата, на 4 минути пред крајот. Овој златен гол на Шпанија и го донесе првото светско злато во својата историја. Шпанците за првпат станаа светски пргваци.

Пандев, Милито, Матераци и Киву, специјални гости на мечот Интер - Црвена Ѕвезда

И 14 години после тројната круна, Горан Пандев е со набиена агенда во Интер. После патувањето на Етихад, беше гостин и на вториот меч од ЛШ на Интер, во таканаречениот „exclusive Pitchside Club“ на Сан Сиро, заедно со уште тројца славни ликови од тоа време. Интервјуа, дружење со деца и на крај место на ложа за нашата најголема фудбалска легенда.

Може ли рецепт?

Пелистер славеше над Широки Брег 74:72 во првото коло од новата сезона во АБА 2 лигата. Новото засилување на битолчани, Никола Мишковиќ, кој постигна дабл дабл учинок има уникатни импресии после мечот.

Сјајниот потег на Њукасл кој го воодушеви фудбалскиот свет

На 24-ти септември во рамки од 3. рунда на Лига Купот на Англија, Њукасл требаше да гостува кај четвртолигашот Вимблдон. Но пред натпреварот, обилни, поројни дождови го поплавиле градот и стадионот на Вимблдон „Чери Ред Рекорд“ чиј терен бил потполно и стравично уништен.

Кога Мутомбо го предизвика Џордан

Имаме епски разговор од НБА, снимен во очи на Ол старот 1997. Дикембе Мутомбо на Мајкл Џордан му вели дека никогаш ја нема забиено преку него и дека нема ниту да ја забие, а во разговорот им се уфрлува и Патрик Јуинг. Да видиме што се случило подоцна.

Кинеска опсада врз Карлос Алкараз

Синер и Алкараз со почеток од 11:00 часот го стартуваа финалето на АТП 500 турнирот во Пекинг. Шпанецот веќе се измори пред дуелот од потпишување автограми. 

Уште се смееме со видеово

Ова е од сезоната 2022/2023 пред Интер и Милан да се сретнат во полуфиналето од ЛШ. Го имаме објавено, ама мораме пак, во скратена верзија. Мика Ричардс, Анри и водителката му пукаат сеир на Џејми Карагер за англискиот акцент, поради кој Леао не може никако да го разбере. Мика е најјак, до солзи се смееше.

Први откритија во Лига на шампиони: Кои се Финецот Каиринен и Сенегалецот Сима?

Финскиот фудбалер од среден ред на Спарта Прага Каан Каиринен и сенегалскиот крилен напаѓач на француски Брест, Абдала Сима постигнаа голови во две кола по ред во Лига на шампиони. Сенегалецот веќе има 3 гола и е втор стрелец во елитното друштво зад Хари Кејн.

Бобан е спремен и кога добива двосмислени прашања

Легендарната 10-ка од едни златни и поинакви фудбалски времиња, како еден од гостите во студио заедно со Капело и Камбјасо, доби прашање кое место „Ти се допаѓаат ли германските клубови“?, водителката му го постави поинаку: Ти се допаѓаат ли Германките? Ако се убави, ми се допаѓаат одговори Ѕвонимир.

Најдобриот навивачки оркестар во Аргентина

После 16 кола во аргентинската Примера Дивизион, неочекувано на високо второ место е Таљерес Кордоба со 30 бода. Оваа екипа пред 2 дена направи големо изненадување откако го совлада Ривер на гости 0-1. Навивачите имаат фантастичен оркестар и френетично го бодрат Таљерес Де Кордоба.

Спарта Прага и Интер ги имаат мајсториите на вечерта во ЛШ

Хакан Чалханоглу не е единствен со голчиште во 2. коло од ЛШ. Неодбранлива бомба од слободен удар испука и Каан Кајринен од Спарта Прага, кој на гостувањето на Штутгарт ги постави конечните 1:1.

Каков еврогол даде брат му на Белингем

Сандерленд има одличен старт на сезоната во англиски Чемпионшип и е прв со 18 бодови. Имаат 6 победи и 2 порази на 8 средби. Синоќа со 2-0 го победија Дерби Каунти, а додека Џуд Белингем со Реал се спрема за гостување во Лил во Лига на шампиони, брат му Џоб постигна прекрасен погодок.

Навивачите на Борусија распалија по УЕФА

Во Дортмунд синоќа навивачите уживаа во играта на својата екипа која со 7-1 го расканта шкотски Селтик. Пред мечот, популарниот и светски познат „Жолт ѕид“ крена директна парола против УЕФА. Имаа и натпис на оградата „Не ви е грижа за спортот, се грижите само за пари“.

Контра на Спортинг со завршница за комедија филм

Спортинг извади 1:1 на гостувањето против ПСВ со гол во 84-та минута. Но можеше да го стори тоа во 71-ва минута. Едуардо Кварезма прими одлична топка, излезе пред голман и на крај се ушепртља сам со себе.

Седмица на Борусија, петарда на Барса, убедливи Интер и Сити

Арсенал и Баер Леверкузен славеа против ПСЖ и Милан во двата меча кои го заслужуваат епитетот дерби. Црвена Ѕвезда убедливо поразена на Сан Сиро. Доста ефикасна вечер во првата ноќ од 2. коло во ЛШ. Паднаа вкупно 32 гола.

Врвен слободен удар на Чалханоглу

На сите вечерашни средби од ЛШ, со исклучок на Бај арената, паднаа голови во првите 45 минути. Интер поведе против Црвена Ѕвезда со прекрасниот еврогол на Хакан Чалханоглу во 11 минута. Домаќините постигнаа уште два, но им беа поништени поради офсајд.

Панчев: Неспособни и несоодветни луѓе ме саботираа во Интер, а Ѕвезда ми е животна школа

„Не сум му лут на клубот, туку на оние кои беа на чело во тоа време: неспособни и несоодветни. Морати мораше да биде трпелив 15 години пред навистина да ја промени организацијата, лошата атмосфера и губитничкиот дух, за да освојува трофеи со маестро Манчини“.

Црвена Звезда со шаренолик состав во Лига на шампиони: 16 од 31 играч се странци

Во најава на вечерашниот меч од Лига на шампиони меѓу Интер и Црвена звезда, реномираната Газета дело Спорт потсеќа на некогашниот европски и светски шампион кој беше составен исклучиво од домашни фудбалери од поранешните југословенски простори.

Додека на еден не му се стемни, на друг не му се разденува

Во Купот на Полска, второлигашот Хутник Краков и прволигашот Пјаст Гливице одиграле 2-2. Мечот стигнал до пенали а таму играчот на домашните Хојо-Ковалски немал среќа онолку колку што имал голманот на гостите Шимански.

Дрес на Леброн Џејмс од средно продаден за 1,3 милиони долари

Еден стар дрес кој повеќекратниот НБА шампион и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња ги носел додека уште бил во средно школо, е продаден на аукција за неверојатна сума од 1,3 милиони долари.

Јошко од Припор

И вие го мислите истото за колата на Јошко Гвардиол, така?

Во 12-та минута 3:0, крај 3:4

Во 5. коло од германската Бундеслига Хофенхајм и Вердер Бремен одиграа луд натпревар. Домашните за само 12 минути со двата гола на Мариуш Бултер и еден на Адам Хлозек имале неверојатно водство 3:0. Во 18-та минута целиот труд им го фрлил во вода соиграчот Тсоки кој добил директен црвен картон. Со играч повеќе Вердер Бремен решил да тргне по подвиг и му успеало со голот на Јулиан Малатини и сјајниот Јенс Стаге кој постигнал хет-трик во 26-та, 39-та и 49-та минута.

Ако некој уште се чуди што Бонифејс редовно решета за Баер

Само што го донесоа од Белгија, возврати со вкупно 21 сезонски погодок, а сезонава веќе има 4 после првите 6 средби. Допрва ќе дава, генерација 2000-та е. Погледнете ја оваа махерска 100% реализација на тренинг. Виктор е опасен.

Кога Мутомбо тероризираше противник со три блокади по ред

9 април 1997 година,  Кларенс Ведерспун се обидува три пати по ред да ја забие преку Дикембе Мутомбо и не е свесен дека тоа се обидува да го прави преку кошаркарски гигант кој му рече „не“ со прстот.

Миличиќ за инцидентот со Мутомбо

Во подкастот на некогашниот кошаркар Миле Илиќ, „Јао Миле“, Дарко Миличиќ неодамна раскажа како дошло до случката да се збутка со славниот Дикембе Мутомбо кој почина во понеделникот на 58 години.