Разно

И така додека гледаме велосипедизам, наидува плантажа марихуана

Овогодинешното издание на Ла Вуелта е супер интересно. Секојдневно има нови дешавки, а последната беше надвор од патеката. Додека одеше снимка од хеликоптер, на кровот од една зграда во Игуалда кај Каталонија режисерот ладно улови безброј садници марихуана.

Хајлајтс од шамарот на Федерер на УС Опен

По осум меѓусебни пресметки, Григор Димитров конечно успеа да го совлада Роџер Федерер и со тоа да направи огромно изненадување на четвртфиналето во Њујорк. Бугаринот губеше 2:1, но машки се избори за пресврт против швајцарскиот ас (6-3, 4-6, 6-3, 4-6, 2-6). Во еден момент пожртвувано направи и шпага за да му земе поен.

23.770 гледачи во чудо после потегот на Надал

На култниот стадион „Артур Еш“ на УС Опен, Рафа Надал го совлада шампионот од 2014-та Марин Чилиќ 6:3, 3:6, 1:6, 2:6 во сетови и закажа четвртфинале против Шварцман. Претпоследниот поен на мечот на Шпанецот беше најубав од досегашниот тек на турнирот. Најмногу му се израдува Тајгер Вудс.

Две атлетичарки во Кина многу личат на мажи, но федерацијата проверила и демантира

Атлетиката се соочува со нов полов скандал. На државното првенство во Кина јавноста забележила необичен пар учеснички и се кренала голема врева околу тоа.

Новак до провокатор од трибините: „Ќе те најдам“

Ѓоковиќ на загревањето пред мечот од 3. коло на УС опен против Денис Кудла имаше вербална расправија со некој гледач кој стоел зад оградата на споредниот терен до „Флешинг Медоуз“. Наводно гледачот го прашал: „Кога ќе одиш во пензија, нели си повреден“? Србинот се свртел и тргнал кон него: „Ќе те најдам после, верувај ми, ќе те најдам“, му рекол.

Венус нарача кафе на сред терен, така Вавринка еднаш го победи Надал, а Серена се врати од 0:5

Кафето како стимуланс сè уште не е забрането во спортот, иако Светската анти-допинг агенција од пред три години го разгледува ова прашање. Најмногу се пие во тенисот каде имаат време за повеќе паузи.

А ќе речеш Америка, бејзбол, хот-дог, пристојна публика

За време на мечот меѓу Чикаго Вајт Сокс и Минесота Твинс во американската МЛБ лига, изби општа тепачка па мораше да реагира полиција.

А што ќе случеше да беше обратно?

Гледајте ја плавата девојка лево во аголот и побарајте одговор на прашањето, што ќе се случеше доколку маж од публика фотографира тенисерка на овој начин. Феминистичките друштва ќе бараа каменување.

Како Сити ја прикажува добрата страна на шеиците, а не киднапирање и бегство на жени

За 11 години, шеиците го направија Сити најголем клуб во Англија: блескава инфраструктура, луксуз, богатство, преубав фудбал на Гвардиола и 13 освоени трофеи. Сезонава клубот тргнува кон првата Лига на шампиони во својата клупска историја.

Спортистите кренаа глас за Амазонија, реакција бараат Роналдо, Ѓоковиќ, Хамилтон

Од стартот на годинава во шумите на Амазонија се разгореле рекорден број на природни пожари - веќе се констатирани повеќе од 74.000 жаришта, односно 85% повеќе од лани.

Првиот глув тенисер кој оствари победа на официјален тениски меч

Кореецот Даки Ли, кој од своето раѓање не слуша, направи феноменален подвиг и оствари прва историска победа на АТП Тур. Енди Мареј, Тенис Сандгрен и други познати тенисери од турот, велат дека тоа што го прави младиот Кореец е чудо.

Овие од Брага многу гледаат Френдс

После две години во Англија и Франција, португалскиот крилен напаѓач Руи Фонте се враќа во Брага. Клубот се решил за една поинаква промоција.

ВО СЕЌАВАЊЕ НА СОКОЛ, ТУРНИРОТ ПРОДОЛЖУВА

По неколкугодишна пауза, Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов - Сокол“, кој важи за еден од најголемите во земјава, повторно најде место во спортскиот календар.

НАЈДОБРИОТ ТИПУВАЧ НА „SPORT LIFE“ ДОБИ ПЕЖО 308

Прогласен победникот на финалето на втората етапа на „Типстер купот“.

Поубавата половина на Ник Кирјос

Црепот нема ден да не направи глупост или на тениски терен, да се скара со судија или да напише некоја навреда на Твитер. Ама затоа покрај себе има прекрасна девојка.

Те збуни а?

Роберто Баутиста го совлада Френсис Тиафо и обезбеди осминафинале на Синсинати, но во еден момент промаши зицер, веројатно збунет од неочекуваниот мангупски и атрактивен потег на Американецот.

Овој пак скрена, ама повеќе од претходниот пат

И да победува и да губи, Ник Кирјос паметот секако го губи. Нов турнир, нови испади на Австралиецот со грчко потекло на кој веќе не знаеме кај ќе му биде крајот со вакво дилетантско однесување.

Од Монтреал 2019 ова беше најјако

Рафа Надал го освои Мастерсот 1000 во Канада откако со 6:0 и 6:3 го совлада Медведев, но ние би се вратиле на четвртфиналето против Фоњини. Италијанско-шпанска работа на која би уживал и човек што не прати тенис. Мама миа.

Остај ја бе глуп, два метри е во аут

Тие што играле или играат серва во маало, сигурно го искусиле ова. Топката оди апла во аут, а ти ја фаќаш инстинктивно или намерно за да не трчаш по нејзе, па потоа расправии чиј е поенот. Во професионален спорт ова не сме го виделе до сега.

Сега па пешкирот му е крив

Ник Кирјос е на нов турнир, овој пат во Канада, али штета што испадна во прво коло пошто така автоматски се намалува мастравот со негови глупости. Загуби 6:3 и 6:4 од Британецот Кајл Едмунд, а пак нервите ги загуби поради тоа што сакал нов чист пешкир, без логото на турнирот. Очекувано, следуваше кавга со судијата на кој му бараше да нарача.

Фалкао е во пензија ама

Човекот кој нема милост кога ќе фати топка во сала исто е дали е активен играч или не. Сега барем се извинува, а и така треба пошто чуварот го прави во соседната сала.

Го гаѓа судијата со шише и вика ми се лизна

Само еден ден откако изјави дека има психички проблеми, Ник Кирјос му го истори бесот на судијата на идиотски начин. Го гаѓа намерно со шише, а вика дека му се лизнало од раце. Што човек ќе беше еј, при очи слеп го прави.

Не се тревожи, за трка на 100 метри се спрема

Атлетичар на денот, заеб на денот или како сакате. Продавачов срце ќе го стегнеше.

Ти психички проблеми? Не бе, грешка си нешто

Во новата епизода од серијалот наречен Ник Кирјос имаме нова до сега невидена глупоштина, бидејќи само тој го може тоа, ама и едно признание од негова страна кое делува сосема логично. Додуше две.