„На денешен ден пред 24 години го комплетирав историскиот двомеч на 200 и 400 метри и го срушив светскиот рекорд. Многу сум горд што го остварив овој сон, а денес се уште можам да ја носам истата униформа“, твитна Џонсон на 2 август.
On this day 24 years ago I completed the historic 200/400 double and broke the 200m world record. Very proud to have realized this dream! And today I can still fit in the uniform!!!😁 pic.twitter.com/sS28fSRr60
— Michael Johnson (@MJGold) August 1, 2020
Каква спортска душа, каков карактер, како и желба да се остане во топ форма. Па освен во ликот, ние не гледаме никакви други разлики меѓу Мајкл во 1996-та и Мајкл сега. Ѕвер. Ете затоа е еден од најголемите и најконзистентните спринтери во историјата.
Џонсон е единствениот машки атлетичар кој успеал да победи на трките на 200 и 400 метри на една иста Олимпијада, а тоа се случи во Атланта 1996. Исто така единствениот кој ја има одбрането олимписката титула на 400 метри, што се случи во Сиднеј 2000.
Во финалето на ЛОИ 1996, тој се појави со патики дизајнирани од Најк во златна боја по што го нарекоа "The Man With the Golden Shoes". Една патика му тежела 85 грама, а десната му била поголема во должина, затоа што левото стапало му е пократко.
На следните Летни Олимписки игри во Сиднеј, Џонсон се повреди токму во финалето на 200 метри во многу очекуваниот натпревар против светскиот шампион на 100 и 200 метри, Морис Грин.
Повредата го спречи да ја одбрани олимписката титула 200, но затоа ја одбрани онаа на 400 метри. Тоа го стори на 33 години и 12 дена и стана најстар освојувач на олимписки златен медал на трка пократка од 5.000 метри.
Легендарниот Џонсон во кариерата собра четири златни олимписки медали и осум светски, а по број на вкупен број на златни медали го дели третото место со Карл Луис, зад Усеин Болт и Алисон Феликс.