Разно

Како тинејџерот Алкараз го збриша Руд во финалето на УС опен

По одличните настапи годинава во која го освои Мајами и успеа да ги победи Надал, Ѓоковиќ и Зверев, големата тениска надеж, на само 19 години стигна до првиот Гренд слем и се искачи на првото место на АТП.

Алкараз го има поенот на турнирот и годината со кој ја крена на нозе цела публика

Во маратонска и исцрпувачка битка, Карлос Алкараз го совлада Јаник Синер во четвртфиналето на УС опен. Се одигра најдолгиот меч во историјата на отвореното првенство во Њујорк, долг 5 часа и 15 минути со луди пресврти.

Импресивните поени на Кирјос кој од бес за поразот искрши два рекети

Ник Кирјос игра во топ форма, но по сјајната елиминација на првиот носител Медведев, не успеа да го мине и Карен Хачанов. Русинот славеше 3:2, но најјаките потези во четвртфиналната битка ги имаше Австралиецот.

Немоќта на Надал против Тиафо во неколку куси видеа

Рафаел Надал не успеа да остане во игра за трет Гренд слем сезонава по освоените Австралија Опен и Роланд Гарос, а шансата за да ја поправи рекордната бројка од 22 ќе ја бара во 2023-та. На патот на УС опен му застана 12 години помладиот Франсис Тиафо кој го изненади со 3:1 и обезбеди четвртфинале. Американецот имаше неколку брилијантни поени.

Кирјос го нокаутираше шампионот на УС опен, а во еден момент му влезе на негова половина

Ник Кирјос ќе игра историско четвртфинале на Гренд слемот во Њујорк, откако го исфрли и го изненади Данил Медведев, инаку бранител на титулата и прв носител, кој ќе го загуби првото место на АТП.

Надал првпат во кариера сам се повреди со рекет

Неверојатниот шпански ас го продолжува походот кон својот епски 23. Гренд слем пехар. Рафаел со 3:1 го совлада незгодниот Италијанец Фабио Фоњини и се пласираше во 3. коло. На почетокот на четвртиот гем од четвртиот сет, Надал при едно замавнвуање имаше незгода зошто рекетот му отскокна од подлогата и се удри во носот. Заработил гребаница и раскрварен бараше медицинска интервенција.

Ник Кирјос во бес плукаше кон својот тим

Џабе. Таман кога после пар симпатични епизоди на Кирјос јавноста помисли дека ја наместил главата, Австралиецот со грчко потекло на УС Опен во триумфот против Бенжаним Бонзи од 3-1 во сетови направи нова глупост. Судијата го казни за недолично однесување.

Гимнастичарски трик кој прв и последен пат е виден пред 50 години

Го нарекле "Корбут вртење" или "Dead Loop", а го изведува 17 годишната Олга Корбут од СССР на денешен ден 1972-ра на Олимписките игри во Минхен. Тоа е она кога ќе застане на нозе на горната шипка и ќе искомбинира вртење на двете шипки, кое ќе ви го помати паметот само што ја гледате. Потоа го забрануваат на сите гимнастички натреварувања.

Суперхеројот на Охридското езеро го заврши последниот подвиг од 64 км

Со надчовечки напори, на силни струји, и дење и ноќе, 16 годишниот Марко Пејчиновски го преплива Охридското Езеро на релација Охрид – Струга – Свети Наум - Охрид со време од 21 час, 41 минута и 48 секунди. Каква издржливост има ова дете.

Тајсон Фјури бара 500 милиони фунти за да се врати и да се бори со Усик

Украинскиот боксер Александар Усик и по втор пат го суреди доскорешниот голем шампион од Британија Ентони Џошуа и ги одбрани титулите светски правк во тешка категорија во верзиите WBA, IBF и WBO. Сега сака нов предизвик. Борба со „кралот на Циганите“ кој постави услов.

Скок во далечина со глава, ама без памет

Европското првенство во атлетика во Минхен заврши и остави прашалници, зошто Швеѓанецот Јеспер Хелстром се престави со ваков троскок во финале?

Талентираниот бисер Никола Узунов тренира во кампот на Ѓоковиќ

Десетгодишниот тениски талент Никола Узунов од Валандово, летово ќе e дел од кампот на еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ.

Волкановски на тронот на УФЦ

Австралиецот со македонско потекло се искачи на првата позиција на ранг листата на УФЦ во најдобрата категорија кило за кило.

Формула 1 најверојатно ја брише култната патека во Белгија

Пилотот на Мекларен, Ландо Норис се приклучи на сите носталгичари кои почнаа да ја жалат патеката Спа Франкошамп во Белгија која наводно и се уште неофицијално веќе нема да биде дел од патувачкиот циркус во иднина.

Во Босна шампионките во пливање тренираат под најлон за покривање марули

Пет дена по сензационалниот триумф на 16 годишното девојче, се појавија фотографии од условите во кои се тренирало неодамна во БиХ. Човек да гледа и да не верува.

Голема победа на Калин Ивановски за прв трофеј во кариерата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го совлада Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина во финалето на ИТФ турнирот од серијата М15 во Монастир, Тунис. Калин славеше со 1-2 во сетови после голем пресврт: 6-4, 4-6, 1-6 и стигна до првиот голем пехар во кариерата.

Патот на 16 годишната Босанка која од талентирана пливачка без базен стана европски првак

Резултатот на Лана можеби и немаше да биде сензација, ако таа не доаѓаше од БиХ, земја со катастрофална спортски услови и што е најлошо, роден град без базен. Со часови патувала на тренинзи и се собирале пари за нејзините подготовки и патот до Рим. Возврати со златен медал.

Златниот скок на Ивана Шпановиќ-Вулета за европска шампионска титула, Италија ниже злата

Српската атлетичарка Ивана Вулета (попозната со моминското презиме Шпановиќ) освои златен медал во скок во далечина. Ивана на култниот „Олимписки стадион“ во Минхен скокна 7.06 метри и убедливо стигна до златниот медал и титула европски шампион.

Маленко: Од 2018 до 2021 државата и претседателот немаат дадено денар за Охридскиот маратон

Охридскиот пливачки маратон кога треба да прослави голем јубилеј од 60 години е под голем знак прашалник дали воопшто ќе се одржи поради блокираната сметката на Пливачка федерација на Македонија. Актуелниот претседател вели дека неговиот претходник Александар Маленко ја оставил федерацијата во долгови, а тој пак има своја верзија за проблемот.

Сензацијата на Чориќ против Надал во 4 минути

Само двајца тенисери во светот имаат позитивен биланс против Рафаел Надал на пет или повеќе меча. Првиот е Новак Ѓоковиќ (30:29), а од синоќа втор е Борна Чориќ (3:2).

Излегуваш на автопат и ти се појавува формула

И тоа не било кој болид, туку на Ферари каков што возеше Михаел Шумахер, мртов ладен се шуња меѓу коли како на трка. Видеото е снимено во Чешка, а ако го види полиција, џабе ќе се мачи да го брка.

Епската трка на малолетниот Давид Поповичи кој урна светски рекорд

Младиот 17-годишен пливач Давид Поповичи од Романија постави нов светски рекорд на 100 метри слободно. Во големото финале на Европско првенство во Рим сруши 13 години стар рекорд кој го држеше Бразилецот Сезар Сиело Фиљо поставен во истиот култен базен во Форо Италико во Рим.

Навивачка со украинско знаме отстранета од тениски меч на Русинки во Синсинати

Дуелот од квалификациите за главната ждрепка на женскиот турнир во Синсинати меѓу Ана Калинскаја и Анастасија Потапова беше неколку пати прекинуван поради тоа што некоја навивачка, извесна како Лола, влегла со големо украинско знаме, со цел да ги провоцира руските тенисерки.

Невозможен тениски поен кој го крена цел стадион на нозе

Шпанецот Пабло Карењо Буста (31) е победник на големиот АТП Мастерс во Монтреал откако во финалето го совлада Хурберт Хуркач со 2-1 во сетови 3-6, 6-3 и 6-3.