Фабрика Карпош со ослабен ростер не можеше да парира на Трансмет
Трансмет 10-1(4-0) Фабрика Карпош
Трансмет: Един Скендеровиќ 3’ 7’ 19’ 39’ Амер Скендеровиќ 20’ 29’ Енис Исаки 23’ 28’ Бобан Велјановски 32’ 35’
Фабрика Карпош: Георги Божиков 21’
Екипата на Трансмет во дуелот со Фабрика Карпош влезе офанзивно димонстрирајќи широк спектар од играта во нападот. Фабрика Карпош во овој натпревар влезе значително ослабена без тројца од нивните клучни играчи со што не можеше да парира на одличниот Трансмет кој вечерва убедливо го доби како полувремето (4-0), така и натпреварот со резултат од 10-1.
Пекабеско со дисциплиниран напад до победа над Адмирал
Адмирал 2-5(1-1) Пекабеско
Адмирал: Александар Лазаревски 3’ Горан Грковиќ 34’
Пекабеско: Дарко Рунтев 15’ Маријан Величковски 21’ 27’ 32’ Бобан Вујиќ 39’
На самиот старт од натпреварот екипата на Адмирал преку Лазаревски дојде до резултат од 1-0 по што екипата Пекабеско вршеше притисок во предна линија како би го израмнила резултатот што им појде од рака дури во 15-та минута кога преку Рунтев успеаа да израмнат. Се до полувремето се водеше израмнета борба а резултатот остана непроменет 1-1. Во второто полувреме екипата на Пекабеско со одлична реализација и дисциплина на игра о нападот успеа да дојде до водство од 1-3 на десет минути од крајот на натпреваарот. Во последните минути Адмирал се обиде да се врати во натпреварот но не успеа во тоа па го загуби овој натпревар со 2-5.
Зузаровски со звукот на сирената ја донесе победата на Еуролинк во дуелот со ЕВН
Еуролинк 3-2(2-1) ЕВН
Еуролинк: Ивица Стефковски 8’ Јовче Зузаровски 17’ 40’
ЕВН: Александар Димовски 18’ Томи Илиевски 22’
Екипите на Еуролинк и ЕВН играа крајно израмнет натпревар. И на двете страни се играше цврста одбрана со добро изработен напад со кој не се дозволи ниту една од двете екипи резултатски да се одлепи. Во првото полувреме екипата на Еуролинк успеа со минимална предност од 2-1 да отиде на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕВН постигна гол за израмнување на резултатот, во самиот финиш екипата на ЕВН остана со играч помалку па Еуролинк успеа преку Зузаровски да постигне победа од 3-2.