На Олимписките и Параолимписките игри во Лондон ова лето ќе бидат поделени вкупно 4.700 медали кои со својата тежина од 400 грама ќе бидат најтешките медали во историјата на Олимписките игри.
Моменталната вредноста на златото на светскиот пазар е околу 1580 долари за унца (околу 31 грам) што значи дека ако целиот медал од 400 грама би се правел од злато, неговата вредност би била 20.000 долари.
Токму затоа организаторите на Олимписките игри во Лондон решиле во медалите кои ќе им бидат доделени на првопласираните да стават само 6 грама злато. Па така златниот медал всушност е сребрен медал офарбан со златна боја.
Бронзените медали се изработени од легура од бакар и калај и нивната вредност е околу 3 долари.
Барем сребрените медали се 100% изработени од сребро.