Во исклучително неизвесен натпревар ЕВН го совлада Шпаркасе

14. коло од Бизнис лигата на Македонија со победи го отворија Еуролинк, Доминос Пица и екипата на ЕВН која славеше со пресврт.

Еуролинк го искористи играчот плус против Глобко Логистик

Глобко Логистик 3-5(2-2)  
Глобко Логистик: Тони Караташев 5’, Иван Стојановски 10’, Гоце Марковски 21’
Еуролинк: Дарко Кадински 13’, 15’, Ивица Стефковски 22’, 26’, 27’
Екипите на Глобко Логистик и Еуролинк демонстрираа одличен фудбал кој го красеше пред се играта во нападот на кој и двете екипи имаа ставено акцент. Се играше доста израмнето и на двете страни, па така на полувремето се отиде со 2-2. Нешто погрубата игра од страната на Глобко Логистик која беше санкционирана со 2 исклучувања кои Еуролинк ги претвори во гол оневозможувајќи му на Глобко Логистик да се врати во натпреварот, па на крајот Еуролинк славеше со 3-5.
 
Доминос Пица со пресврт до победа над Контрола на летање
 
Контрола на летање 2-5(2-1) Доминос Пица
Контрола на летање: Жарко Апостолоски 15’, Фарук Мифтари 17’
Доминос Пица: Оливер Младеновски 6’, Бојан Стојковски 29’, Роберт Николовски 32’, 36’, 40’
Контрола на летање прикажа одлична игра во првото полувреме која ја красеше пред се тимскиот дух. Имаа апсолутна доминација во текот на целото прво полувреме кое го добија со 2-1. Во второто полувреме беше евидентна слабата физичка подготвеност кај Контрола на летање, што вешто го искористи Доминос Пица, која пак имаше сили за целосен пресврт и победи на овој натпревар со 2-5.
 
Во исклучително неизвесен натпревар ЕВН го совлада Шпаркасе

ЕВН 6-4(2-3) Шпаркасе
ЕВН: Трајан Аџиев 3’, 29’, 40’, Дарко Милошески 15’, 24’, 38’
Шпаркасе: Стојанчо Јосифоски 4’, Дарко Стојановски 5’, 11’, Љубомир Таневски 29’
Исклучително динамичен натпревар во кој се играше брз и отворен фудбал одиграа екипите на Шпаркасе и ЕВН. Во првото полувреме Шпаркасе беше поприсебен со подобар проток на топката во нападот на која игра ЕВН не можеше да одговори и за тоа резултатот на полувремето беше 2-3 во корист на Шпаркасе. За тоа пак во второто полувреме ЕВН најде одговор за играта на Шпаркасе, го израмни резултатот и се играше егал натпревар во текот на целото второ полувреме, се до 38’ кога ЕВН преку Дарко Милошески успеа да постигне гол за победа од 6-4 на овој натпревар.
17 март 2015 - 10:12