Страшен пад на скијачката Шмидхофер од Австрија

Корине Сутер (26) од Швајцарија е победничка на првиот спуст од годинешниот Скијачки куп во Вал Д'Изе. Сутер заврши пред Софија Гоџа од Италија и Бризи Џонсон од САД. Но трката остана во сенка на страшниот пад на Никол Шмидхофер (31) од Австрија која се заби во заштитната ограда со 110 км/час.

Од нејзиниот тим соопштија дека таа поминала само со ситни повреди на лицето и не била префрлена во болница.

 

18 декември 2020 - 13:27