Сте слушнале ли за државно првенство во туркање со прсти

Во ситуација кога фудбалот и кошарката мируваат преку летото, Англичаните се занимаваат со едно од најчудните некогаш измислени натпреварувања, туркање со прсти на нозете.

Да, има и такво нешто. Toe wrestling или борба со прстите на нозете е популарен спорт во Северна Англија каде има цело првенство кое се одржува секое лето пред многу публика. Уште од првите дуели во 1976 година, Државното првенство во туркање со прсти станало многу привлечно за луѓето од Дербишаер, близу Манчестер.

Овој спорт почнал кога група пријатели кои се собирале на теренот Је Олд Ројал Оак Ин се пожалиле за слабото присуство и неуспесите на англиските атлетичари. Сакале спорт во кој Британците ќе станат вистинска сила и на некој начин ја одбрале оваа борба на прсти од нозете.

КАКО ДА СЕ ТУРКАШ СО ПРСТИ

Ова натпреварување се одвива меѓу двајца ривали. Седнати се боси на земја каде почнува туркањето со прстите на нозете во полето предвидено за тоа. Целата работа повеќе е до вештината отколку до снагата: мора да ги истуркаш прстите на противникот до еден од страничниците без да ги креваш рацете над тлото.

Хигиената на прстите е приоритет, а медицински персонал ги проверува прстите на секој натпреварувач пред борбата да почне.

МОК НЕ САКА ДА СЛУШНЕ ДА ГИ ПРИМИ НА ОЛИМПИЈАДА

После цели 40 години и многу тегнења со прстите овој спорт и натаму привлекува внимание иако Меѓународниот Олимписки Комитет одбил да го прифати како официјален Олимписки спорт (уште не се знае причината како мислеле дека ќе ги примат на Олимпијада!?).

Иако нема првенство на глобално ниво, за овој необичен спорт интерес покажале многу луѓе од различни земји во светот. Венди Ливингстон, генерален менаџер и организатор на ова неофицијално првенство на туркање со прсти вели дека и се јавувале различни медиуми од цел свет да ја прашуваат за спортот.

ШАМПИОНОТ СО СВИТКАНИ ПРСТИ

Една филмска компанија од САД снима документарка за овој спорт и за повеќекратниот шампион Алан Неш. Поради неговата физичка конституција и големи прсти на нозете тој веќе станал синоним за овој спорт.

Според ESPN, којшто пишувал за Неш во 2011 година, тој првата титула на ова првенство ја освоил од прв обид во 1994 година. Од тогаш освоил десетина титули па и онаа најважната (замисли има и таква) во 1997 година кога скршил четири прсти во полуфиналето, подоцна ги наместил како треба и го освоил златото во финалето.

Овој лик го викнале и на годинешново шоу Британија има талент каде покажал како се кршат најмногу јајца со прсти на нозете за една минута.