Додека мундијалските квалификации ги запоседнаа стадионите и тв просторот во Европа, Азија, Африка, Јужна Америка...во Токио паѓаа импресивни рекорди на Паралимписките игри број 16 во историјата.
4.400 спортисти со попреченост од цел свет се бореа за престиж, личен рекорд, медал. Еден од оние кој се издвои посебно е 22 годишниот спринтер Танасис Гавелас, кој и покрај хендикепот на очите, стигна до врвот кој може да се достигне на едно олимписки борилиште.
Заедно со неговиот сопатник, тој истрча со време од 10,82 секунди и го урна светскиот рекорд од 10,88. Во интервју за сајтот на Грчкиот Паралимписки комитет, Гавелас кој го држи и европскиот рекорд, вети дека ќе се врати дома со медал.
Ослепел кога имал 10 години, а на 15 почнал да трча. Од големо значење истакнува дека е важно што трчал покрај неговиот придружник и пријател, Гараганис.
„Потребен ви е придружник во трката за да можете да работите во апсолутна хармонија. Всушност, вашиот придружник мора да има подобри перформанси од вас, за да не ве доцни на трката. Мора да имате одлична координација и да се движите како еден. Движењето на рацете и нозете мора да биде апсолутно координирано. Тоа бара напорни тренинзи“, изјави јунакот кој слеп освои златен медал во трка на 100 метри.
Инаку Грција имаше 46 паралимпијци во Токио и освои вкупно 8 медали од кои покрај златото, два сребрени и пет бронзени.
Најмногу медали освоија Кинезите, вкупно 207 од кои 96 златни. Втора е Велика Британија со 124, а трети се САД со 104.
Паралимписките игри се одржуваат од 1960-та, а Грците беа домаќини во Атина 2004.
Погледнете колку работеа емоциите на Гавелас и Гараганис кога привршуваше нивната химна.
«Χρυσός» ο Θανάσης Γκαβέλας με παγκόσμιο ρεκόρ στα 100 μ.
— E ύ a 🍎 (@bobidion) September 2, 2021
🇬🇷🇬🇷🇬🇷🇬🇷🇬🇷🇬🇷🇬🇷🇬🇷🇬🇷🇬🇷🇬🇷
Το πρώτο χρυσό μετάλλιο της Ελλάδας στους παραολυμπιακούς αγώνες του Τόκιο. Συνοδός ο Σωτήρης Γκαραγκάνης pic.twitter.com/mDUD3PDw4K
Ја имаме и трката