Паралимписките игри, кои се секогаш во сенка на Олимписките, завршија пред четири дена. Македонија имаше само еден претставник, а тоа е Оливера Наковска Бикова со нејзиното петто учество. Кај нашиот јужен сосед се издвои брилијантниот Танасис Гавелас, со кој заслужено ќе го разбиеме малку фудбалов.