Лукоил не дозволи изненадување во дуелот со Еуролинк
Еуролинк 4-8 (2-2) Лукоил
Еуролинк: Ивица Стефковски 17’, 19’, 24’, 29’
Лукоил: Владимир Секулоски 8’, 13’, 24’, 32’, Борче Василев 34’, 36’, 36’, Драгослав Здравков 40’
Пролетниот дел на Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Еуролинк и Лукоил. На самиот почеток од овој натпревар се играше доста затворено со целосен акцент на одбраната. Но, екипата на Лукоил ги пронајде недостатоците во одбраната на Еуролинк, дојде до водство од 0-2 до 16’, кога Еуролинк преку контранапади дојде до изедначување од 2-2, со кој резултат се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на Еуролинк дојде до водство кое го одржуваше се до средината на полувремето кога Лукоил заигра во вистински ритам за сигурна победа на овој натпревар од 4-8.
Систина сигурна во дуелот со Гранит
Гранит 3-7 (1-5) Систина
Гранит: Пепи Мицев 19’, Ненад Ристиќ 28’, Дарко Стојановски 35’
Систина: Даниел Боневски 11’, 18’, 19’, Игор Ѓорѓиевски 11’, Александар Јаневски 12’, 39’, Амел Аломеровиќ 34’
Гранит и Систина уште на самиот почеток влегоа во натпревар во кој се играше доста брз и отворен фудбал на двете страни. Во ваквата игра екипата на Систина беше мошне поснаодлива, па со тоа оствари и огромна предност која ја одржуваше во текот на целиот натпревар. Екипата на Гранит во неколку наврати направи напори да се врати во натреварот, на што Систина соодветно одговори за да на крајот го добие овој натпревар со 3-7. Полувреме 1-5.
ТРАНСМЕТ со отворен фудбал до победа над МЕПСО
ТРАНСМЕТ 10-4 (5-1) МЕПСО
ТРАНСМЕТ: Перо Ангелески 1’ 21’, 25’, Тони Ѓуровски 2’, 8’, 19’, Емир Бегановиќ 17’, Ице Тодоровски 33’, Игор Пејовски 39’, 40’
МЕПСО: Никола Несторовски 4’, 28’, Лазе Арсовски 26’, Јовче Ангелов 29’
Во раната фаза од првото полувреме екипата на ТРАНСМЕТ ги искористи сите грешки во одбраната на МЕПСО и за само 2’ дојде до водство од 2 гола. По само 1’ МЕПСО го намали водството на ТРАНСМЕТ, но не за долго, ТРАНСМЕТ заигра во својот препознатлив стил и на полувремето отиде со убедлива предност од 5-1. Во второто полувреме ТРАНСМЕТ ја одржуваше и ја зголемуваше предноста, не давајќи му на МЕПСО да се врати во натпреварот, па го доби овој натпревар со 10-4. Полувреме 5-1.