Систина продолжува во победнички ритам

Осмото коло во Бизнис лигата со победи го отворија и екипите на UNIQA и Sparkasse.

Во турбулентен натпревар UNIQA го совлада Алкалоид

Алкалоид 4-5 (2-3) UNIQA
Алкалоид: Стефан Димовски 9’, 11’, Оливер Христовски 24’, Николче Дамјановски 26’
UNIQA: Ибиш Мисини 8’, 13’, Александар Петрушевски 12’, Арбен Нухиу 27’, Арбен Бајрами 36’

Екипите на Алкалоид и UNIQA одиграа доста турбулентно прво полувреме во кое имаше повеќе пресврти. Прва до водство дојде UNIQA за да Алкалоид направи целосен пресврт, но UNIQA го врати водството по само неколку минути. Се играше доста отворен фудбал во кој беше ставен акцент на нападот. На полувремето UNIQA отиде со минимална предност од 2-3. Во второто полувреме Алкалоид го искористи пеналот и по само 5’ игра успеа да постигне уште еден гол и дојде до целосен пресврт. Но,UNIQA се врати во натпреварот, дојде повторно до водство кое успеа да го задржи до самиот крај. Крај на натпреварот 4-5.

Систина продолжува и против ONE во победнички ритам

Систина 8-5 (4-3) ONE
Систина: Горан Манов 8’, 10’, 25’, Далибор Дамјановиќ 15’, Ивица Петровски 16’, Игор Ѓорѓиевски 28’, Амел Аломеровиќ 32’, Александар Јаневски 37’
ONE: Сашко Србаков 19’, 19’, Илхан Алити 20’, Дарко Таневски 25’, 40’

Екипата на Систина како да навлегува во прав ритам оваа сезона. Во текот на целото прво полувреме играа одличен фудбал со многу проигрувања кои им доволи да имаат отворени шутеви кои често ги претвораа во гол. И кога се чинеше дека Систина на полувремето ќе отиде со висока предност од 4-0, ONE за само 2 минути постигна 3 гола и целосно се врати во натпреварот. Во второто полувреме Систина ја поврати самодовербата, заигра во свој стил, не му даде шанса на ONE да влезе во свој ритам и го доби овој натпревар со 8-5.

Sparkasse со тимска игра до победа над Dominos Pizza

Dominos Pizza 2-4 (1-2) Sparkasse
Dominos Pizza: Филип Мишевски 19’, Неделко Неделковски 34’
Sparkasse: Дарко Стојановски 10’, 33’, Стојанчо Јосифоски 11’, 28’

Во првото полувреме и двете екипи имаа ставено акцент на одбраната, играа доста цврсто, не дозволуваа да има отворени шутеви кон голот што може да се види и по резултатот на полувремето 1-2 за екипата на Sparkasse. Во второто полувреме екипата на Sparkasse го зголеми водството не дозволувајќи и на Dominos Pizza да се врати во натпреварот и го доби овој натпревар со 2-4.

25 ноември 2014 - 10:03