Систина не го издржа високиот напон на МЕПСО

ЈСП, Гранит и МЕПСО триумфираа на првиот ден од 4. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЈСП го скрши отпорот на Македонски Телеком за победа од 3-5
Македонски Телеком 3-5(1-1) ЈСП
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 9’ Гоце Филипов 26’ Роберт Поповски 40’
ЈСП: Сабит Хусеини 17’ 35’ Марјан Србиновски 25’ Велко Серафимовски 27’ Тони Спасовски 40’
 
Четвртото коло на Бизнис Лигата на Макдонија го отворија екипите на Македонски Телеком и ЈСП и двете екипи првото полувреме влегоа доста офанзивно со формација која беше целосно фокусирана на нападот. Слободно може да кажеме дека ова беше полувреме на двата голмана кои имаа своја вечер и се чинеше дека изгледните шанси за гол ги претвараа во одлични одбрани. И двете екипи успеаа по еднаш да го надмудрат противничкиот голман и тоа Македонски Телеком преку Михајло Лазаревски во 9-та минута, а ЈСП преку Сабит Хусеини во 17-та минута по што на полувремето се отиде со израмнет резултат од 1-1. Во Второто полувреме екипа на Македонски Телеком преку Гоце Филипов во 26-та минута успеа да поведе со 2-1, по што следеше мало опуштање кај екипата на Македонски Телеком кое беше искористено од страна на ЈСП која го скрши отпорот и успеа не само да израмни преку Сабит Хусеини туку и да издвојува убедлива победа на крајот од натпреварот со резултат 3-5.
 
Гранит ја бетонира победата во дуелот со Пекабеско
Гранти 6-3(3-1) Пекабеско
Гранит: Пепи Мицев 8’ 38’ Семир Прентиќ 10’ Стефан Тевдовски 19’ 21’ Дарко Стојановски 27’
Пекабеско: Маријан Величковски 14’ Игор Ѓорѓески 28’ Слободан Игнатов 34’
 
Дуелот помеѓу Гранит и Пекабеско го отвори екипата на Пекабеско која беше настојчива и вршеше голем притисок во предниот дел од одбраната на Гранит но не успеа тоа да го претвори во гол по што следеше казна од Гранит кој преку Пепи Мицев успеа да поведе со 1-0 за по неполна минута Семир Прентиќ да го зголеми водството на 2-0. Екипата на Пекабеско успеа да намали на 2-1 преку Маријан Величковски во 14-та минута , последниот збор го даде Стефан Тевдовски кој со својот погодок го одесе Гранит на полувремето со предност од 3-1. Во второто полувреме иницијативата целосно ја имаше екипата на Гранит која не му дозволи на Пекабеско да најде против игра и да се врати во натпреварот па го доби овој натпревар со убедливи 6-3.
 
Систина не го издржа високиот напон на МЕПСО
МЕПСО 6-3(3-1) Систина
МЕПСО: Александар Стојчевски 4’ 34’ Виктор Петровски 19’ Кристијан Михајловски 20’ 37’ Диме Рошкоски 37’
Систина: Ивица Петровски 3’ Горан Манов 27’ Далибор Дамјановиќ 40’
 
Екипата на Систина одлично го отвори дуелот со МЕПСО и за само три минути преку Ивица Петровски успеа да дојде до водсво од 0-1 што беше добар сигнал екипата на МЕПСО да заигра посериозно како во нападот така и во одбраната по што следеше целосен пресврт во кој МЕПСО не само што успеа да израмни туку успеа и да замине на полувремето со резултат од 3-1 благодарение на погодоците од Александар Стојчевски, Виктор Петровски и Кристијан Михајловски. Екипата на Систина одлично го започна второто полувреме играјќи пресинг одбрана по целиот терен што вроди со плод и преку Горан Манов успеа да намали на 3-2, но МЕПСО имаше своја вечер и преку контра напади успеа да реализира и стигна до победа од 6-3.
26 октомври 2016 - 10:41