БЛ 16-то коло (прв ден)

SISTINA фуриозно против Arcelor Mittal

Започнаа возбудувањата од шеснаесеттото коло во Бизнис Лигата на Македонија.

One немаше сили за целосен пресврт
АМСМ 3-2 (3-0) One
АМСМ: Филип Вељановски 10', 13', Душко Тодоровски 11'
One: Јане Плавевски 35', Стефан Петровски 39'
На двете страни се водеше рамноправна борба во која и двете екипи покажуваа голема желба за победа. Во првото полувреме екипата на АМСМ ги искористи сите изгледни шанси за гол, што не беше случај кај One, па на полувремето се отиде со 3-0. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам. One успеа да го искористи играчот помалку во екипата на АМСМ и даде гол за 3-1, потоа и 3-2, но немаше сили за целосен пресврт, па го загуби овој натпревар со 3-2.

SISTINA фуриозно против Arcelor Mittal
Arcelor Mittal 4-11 (1-4) SISTINA
Arcelor Mittal: Љупчо Шегмановиќ 16', 36', 37', Методија Мијовски 28'
SISTINA: Никола Трајковски 6', Игор Ѓорѓиевски 9', 30', Александар Јаневски 11', 31', 39', Даниел Боневски 12', Ивица Петровски 33', 37', Далибор Дамјановиќ 35', 38'
Екипата на SISTINA одлично го отвори овој натпревар, доста самоуверено, не давајќи му на Arcelor Mittal да има течен напад. SISTINA ги искористи своите шанси и на полувремето отиде со 1-4. На самиот старт од второто полувреме екипата на Arcelor Mittal со гол се обиде да фати резултатски приклучок, но SISTINA не го дозволи тоа, заигра во свој стил во нападот и со два последователни гола ја запечати победата во овој натпревар од 4-11.

7 април 2014 - 22:48