Серена Вилијамс по шести пат го освои Австралија Опен, а Новак Ѓоковиќ по петти. Американката по 17. пат ја совлада Марија Шарапова, а Новак Ѓоковиќ по 16. пат беше подобар од Енди Мареј. По славјето во Мелбурн, Ноле и Серена заработија по 3,1 милиони долари.