Во ова коло се истакнаа следните играчи: Пепи Мицев кај Гранит со постигнати 5 гола, Арбен Нухиу кај UNIQA со постигнати 4 гола, Влатко Петровски кај ЕЛЕМ со постигнати 4 гола, Александар Стојчевски кај МЕПСО со постигнати 3 гола, а најдобар 5-ти играч во ова коло е Владимир Арсов кај Оилко со постигнати 2 погодоци.
За најдобар голман на шестото коло е прогласен Марјан Цветковски кај Лукоил, кој успеа во текот на целиот натпревар против Глобко Логистик да не прими ниту еден гол, додека тренерот на Лукоил - Сергеј Арнаут е прогласен за најдобар тернер на 6-тото коло.
Сосема заслужено, за најдобра екипа на ова коло е прогласена екипата на Лукоил.