Нухиу ја водеше УНИКА до победа над ТРАНСМЕТ

Во вториот ден од последното коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил го совлада Македонски Телеком, а Montenegro доби службени бодови.

Арбен Нухиу ја водеше УНИКА до победа над ТРАНСМЕТ

УНИКА 9-6 (5-4) ТРАНСМЕТ

УНИКА: Љуљзим Каштањева 5’, Арбен Нухиу 8’, 13’, 31’, 35’, Арбен Бајрами 14’, 37’, Влатко Деспотовски 19’, Ибиш Мисини 36’
ТРАНСМЕТ: Емир Бегановиќ 4’, 6’, 7’, Перо Ангелески 20’ , Марјан Талески 29’, Игор Пејовски 39’

Во првиот дел од првото полувреме екипата на ТРАНСМЕТ имаше целосна контрола над натпреварот остварувајќи предност од 2 до 3 гола разлика. Но, во вториот дел екипата на УНИКА заигра во свој стил и со целосен пресврт не само што се врати во натпреварот, туку и отиде со гол предност на полувремето. На самиот почеток од второто полувреме екипата на ТРАНСМЕТ не успеа да постигне гол со играч плус, но само неколку минути потоа го израмни резултатот и влеговме во крајно неизвесна завршница. Но недостатокот на физичка подготвеност кај ТРАНСМЕТ го направи своето, па УНИКА ги зеде работите во свои раце и славеше со 9-6.

Доминос Пица 0-3 (сл.) Монтенегро

Maкедонски Телеком без доволно сила за целосен пресврт во дуелот со Лукоил

Лукоил 3-2 (1-1) Македонски Телеком

Лукоил: Дејан Зиков 4’, 28’, Борче Василев 32’
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 17’, Агрон Пацоли 37’

Драма во првото полувреме. Екипите на Лукоил и Македонски Телеком играа вистински дерби натпревар во текот на целото прво полувреме. И двете екипи играа одличен фудбал со многу проигрувања кои им овозможуваа да имаат чисти удари кон голот. Но неизвесноста беше она по што ќе го паметиме ова полувреме, бидејќи ниедна од екипите не успеа резултатски да се одлепи, па на полувремето се отиде со нерешен резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Лукоил со 2 гола резултатски се одлепи, по што следеше обид од страна на Македонски Телеком со голман играч да се врати во натпреварот, но немаше доволно сила за целосен пресврт, па го загуби овој натпревар со 3-2. 

11 декември 2014 - 10:23