Не дека прв пат го гледаме во вакво издание, ама откако публиката во Париз ја набркаа поради полициски час, неговото урлање на крај се слушна многу појако. Ѓоковиќ го совлада Беретини со 3:1, а во полуфинале го чека мега пресметка против Надал кој е крал на Ролан Гарос со 13 титули.