Нов тениски инцидент, овој пат со удирање шише место топче
Французинот Беноа Пер беше доста нервозен во првото коло на Мастерсот во Рим, бидејќи не добил одложување на мечот откако 10 дена бил во изолација поради корона и не можел да се подготви доволно. Бесот го истури на терен.
Се расправаше со судијата за поени, сервираше во празно и си поигруваше со шише кое место да го отстрани од терен, го залупа силно со рекетот. На крај загуби 2:0 од Јаник Синер и саркастично изјави дека добро што издржал да одигра еден час.