По истрагата на Асоцијацијата на тениски професионалци (ATP), Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос нема да може да игра официјално на турнири во следните 16 недели.
Покрај драконската казна (многумина тврдат дека му е мала за сите глупоштии што ги направи), Кирјос ќе мора да плати и 25.000 долари парична казна во Асоцијацијата поради кршење на правилата.
После казната од 113.000 долари поради сериозниот напад врз судијата Фергус Марфи во чиј правец плукна на Мастерсот во Синсинати кога играше против Карен Хачанов, Кирјос продолжи да прави глупости во следните турнири и дури ги обвини организаторите на УС Опен дека се корумпирани.
Во соопштението до јавноста се вели:
„Истрагата, која што ја водеше потпретседателот Гејл Бредшо, констатираше дека Кирјос извршил влошено однесување кон законикот на АТП“.
Во претходните неколку месеци немаше меч а Кирјос да не направи проблем. Се караше со судии, со деца кои фаќаат топчиња, со публика, со сите. Најмногу го напаѓаше Новак Ѓоковиќ кој ниту еднаш не му врати на провокациите.
Кирјос во следните шест месеци ќе биде под сериозна лупа и во тој период нема да смее да направи ниту еден инцидент.
Ова подразбира дека Ник нема да игра официјален натпревар до почетокот на 2020 година. Него нема да го гледаме на серијата турнири со кои се приближува крајот на сезоната во тенисот: Токио/Пекинг, Шангај, Москва, Антверпен, Стокхолм, Виена, Базел, Париз, Лондон.
За време на ова „ладење“, Кирјос ќе остане без 55 поени.
Кирјос нема право да игра ниту во Дејвис Купот за неговата репрезентација Австралија на првото неформално Светско првенство за тенисери од 18 до 24 ноември во Мадрид.
Во фамозната сала „Каха магика“ ќе играат САД, Хрватска, Аргентина, Франција, Белгија, Шпанија, Велика Британија, Србија, Италија, Германија, Казахстан, Канада, Јапонија, Чиле, Русија, Холандија и Колумбија.