Истанбул е домаќин на фајнал-фор турнирот од кошаркарската Евролига, а денес се одигра и градското дерби помеѓу Фенербахче и Галатасарај.
Натпреварот заврши без голови, по што Галатасарај ја освои титулата. Но навивачите на Фенербахче не можеа да го поднесат славјето на фудбалерите на лутиот ривал на нивниот стадион и влегоа на теренот.
На навивачите на Галатасарај не им беше дозволено присуството на стадионот на Фенербахче, па тие се собираа низ улиците на Истанбул, каде се наоѓаа и илјадници навивачи на Панатинаикос и Олимпијакос кои во овој град од вчера им даваат поддршка на своите кошаркарски тимови.
Помали инциденти имало низ целиот град, а во центарот на градот се случила и масовна тепачка откако се сретнале навивачите на Галатасарај и Панатинаикос.