Умберто Еко за фудбалот

Навивачите се однесуваат како банда сексуални манијаци

Најпознатиот италијански современ писател Умберто Еко почина на 84 години. Покрај мудрите мисли во книжевноста, политиката, филмот и музиката, Еко зборуваше и за фудбалот и случувањата околу него.

Умберто Еко почина вечерта на 19. февруари, кога светот на културата го загуби едниот од своите најголеми претставници: филозоф, писател, експерт по комуникологија, лингвист и семиолог. Автор на безвременските „Името на Розата“ и „Фукоовото нишало“.
 
Еко го сакаше спортот, пред сè пливањето, додека фудбалот во него провоцираше различни реакции. Односот на Еко со фудбалот не беше идиличен, напротив. Големиот писател не го сакаше пристапот кон животот на секојдневниот навивач и особено она што се случува околу него.
„Фудбалот стана ритуал во кој толпата ја согорува борбената енергија и волјата за револт. Навивачот има чудна особина: не сфаќа зошто ти не си навивач и инсистира во разговорите со тебе како да си навивач“, велеше Еко.
Сепак ги гледаше натпреварите, седнат на троседот пред телевизорот се чуствувал покомотно отколку на трибините. За време на Мундијалот 1994-та на пример изјави дека ќе ја гледа Италија - Норвешка (беше во Аргентина да ја прими наградата почесен граѓанин на Буенос Аирес), но не како навивач туку како ентузијаст кој верувал дека фудбалот најмногу му штети на сексот. Колку повеќе писателот сакаше да се огради од фудбалот, толку повеќе овој го следеше.
 
Каде и да се појавел, на било која поетска вечер или манифестација, имало некој што го потпрашувал за кого навива, гледа ли фудбал, кој му е омилен играч и сл.
„Понекогаш е убаво да ги гледаш другите додека водат љубов, но сигурно дека е многу поубаво да го имаш отколку да стоиш таму и да гледаш", правеше паралела меѓу фудбалот и сексот големиот Еко.

Симпатична е анегдотата поврзана со Умберто Еко и Хозе Чилаверт, легендарен парагвајски голман, вљубеник во книжевноста. Два далечни света, кој во културата имаат една заедничка точка можат недвојбено барем за момент да се приближат во иста галаксија.
 
Така во 1994-та година, во пресрет на Интерконтиненталниот Куп меѓу големиот Милан и Велез Сарсфилд каде бранеше Чилаверт. Голманот изразил желба од Италија да му го донесат романот „Островот на претходниот ден“ со посвета од Еко. Речено-сторено.
 
„До Хозе’, од Умберто Еко“ пишувало во романот директно доставен до Парагвај.
25 февруари 2016 - 10:44